top of page

Патот до обновен ум (17)

  • Writer: Elena Gj.Kostadinovikj
    Elena Gj.Kostadinovikj
  • Sep 4
  • 8 min read

Обновениот ум го гледа одговорот повеќе од проблемот. Ѓаволот работи на тоа да нѐ направи посвесни за проблемот со кој се соочуваме одколку за решенијата што ги носиме. Ако во нашето мислење, нашата свесност, ѓаволот може и успее да ја стави мислата во нашата свест,  да ја потенцира реалноста за промлемот со кој се соочуваме, ние ќе живееме во согласност со реакциите и природата на тој проблем. Тие дефинитивно ќе ни влијаат.

Исус Христос не живееше под влијание на манифестациите на делата на ѓаволот туку живееше според одговорот на Небениот Татко. Гневот што го чувствуваме, напнатоста и решителноста не го заплашува ѓаволот, туку крвта на Исус Христос.

Колосјаните 3:1 гласи:

Вие сте воскреснати за да живеете со Христос. Затоа стремете се кон она што е на небото, каде што Христос владее, седнат од Божјата десна страна.

Христовото восресение всушност е наше воскресение. Светиот Дух кој што го воскресна Исус од мртвите живее во нас. Затоа предавањето на Светиот Дух е клучот за секој аспект на победа што воопшто можеме да ја добиеме бидејќи Светиот Дух е моќта на воскреснување што е силна и способна да го обнови животот во нас.

Мисловниот концепт не е трансформиран се додека не ја гледаме дадената ситуација со очите на Христос, да мислиме на решението како што Тој мисли.

 Во Второ Послание до  Коринтјаните 10:4 е наведено:

Не сме вооружени со човечки оружја, туку со моќните Божји оружја. Со нив ги уриваме сатанските упоришта. 
ree

Како да ја замислиме мислата како заложник? На пример, ако војуваме со луѓе и успееме војник од спротивната страна да го заробиме, што ќе биде тој?  Тој ќе биде заложник. Што ќе правиме со тој човек? Која ни е целта? Да го убиеме или да го преобратиме за да биде на наша страна? Не ни е целта да го тргнеме и да го оставиме настрана каде што не функционира. Туку целта ни е да го трансформираме, да го преобратиме да биде дел од нас. Истото е и со мислата. Не треба да ја изолираме и на тој начин да биде нефункционална туку да ја транформираме - истата мисла што била против нас сега да работи за нас. На пример, имаме погрешна мисла за нашиот сосед. Таа мисла треба да ја трансформираме до степен каде што ќе биде мисла што Христос ја има за нашиот сосед, таа мисла да го изразува, да го рефлектира фактот дека ништо не е невозможно, дека има решение за секоја ситуација, која ќе ја рефлектира Неговата слава.

Мозокот постојано се менува. Може да се преобликува и менува. Секојпат кога размислуваме на одредена мисла во мозокот се создава невропатека, одноно нова патека во умот. Колку повеќе мислиме на таа мисла толку полесно е да мислиме на истата таа мисла повторно и повторно, односно колку повеќе се задржуваме на таа мисла, во мозокот се зацврстува и проширува таа патека. На тој начин се оформуваат и навиките. Невроните во мозокот прават патеки и оформуваат посебна структура само за таа мисла. Штом таа патека е целосно воспоставена тогаш без размислување мозокот испраќа сигнали до умот и сѐ се одвива рефлексно. Исто како што учиме да возиме велосипед, автомобил. Во почетокот вложуваме ментален напор, повеќе концентрација, но со текот на времето преминува во рефлекс. Исто е и со работните навики, обврските во домот, начинот како комуницираме со другите итн. И стихот во Изреки го говори истото: На тоа што мисли човекот тоа и станува. Добрите вести се тоа дека ние избираме која умствена патека ќе ја одбереме, какви мозочни невропатеки ќе изградиме односно можеме да го реконструираме нашиот мозок, да ги одврземе погрешните жици со правилните.

Кои се тие негативни патеки во мозокот кои преминале во реалност? Изјавите од типот: Нема да се променам. Јас сум едноставно таков. Јас сум виновен. Никогаш нема да оздравам. Не ми е пишано да просперирам. И уште многу други.

Замислете, на овој начин сме мислеле за себеси години. Не само што сме изградиле патеку туку сме ги зградиле автопати во нашиот мозок.

Откако го знаеме ова, се наметнува прашањето како да го промениме сево ова? Следниот пат кога ни доаѓа истата негативна мисла, да речеме: Не, нема да продолжам вака да мислам за себе. Ќе го декларирам она што е нашишано во Божјиот Збор за мене. Да, ќе биде потребно време, но цврсто ќе се држам за вистината и врз таа вистина ќе градам нови патеки во мозокот. Како што сме ги граделе негативните патеки, така сега ќе градиме нови. Штом веќе Небесниот Татко изградил нов автопат за нас, зошто би оделе по старата каллива нерамна патека?

Ќе се запрашаме што ќе ни донесе повторувањето односно медитирањето на Божјиот Збор. Кој има време за тоа? Дали на крај ќе се исплати? А што ако ми е изгубено време? Но, од друга страна, и така ние го трошиме времето на повторување на негативното и живеење според истата рамка. Зошто тоа време и енергија не би ги потрошиле на Божјиот Збор?

Со какви мисли се будиме наутро? Со благодарност за новиот ден и со позитивни очекувања или со намрштеност, негативност и грижа?

Зошто да нѐ напишеме, зошто да нѐ креираме позитивни невропатеки во мозокот кои ќе произведат позитивни резултати? Борбата е во нашиот ум.

Да ги замислиме тие патишта како вистински патишта и улици кои водат до одредена дестинација. Зарем не сме забележале затворена улица? Улица која повеќе не е во функција и патот се пренасочил во друг правец? Да имаме таков пристап. Да бидеме одлучни и да ги затвориме тие негативни патишта и улици. Имаме сила и ресурси за да изградиме нови.

Да бидеме свесни дека од толку што патиштата што сме ги изградиле се дел од нашето секојдневие, тие повторно ќе функционираат, ќе ни излегуваат на нашата умствена мапа како начини да се стигне до одредената дестинација. Но мора да бидеме упорни и да се фокусираме кон градењето на новите патишта и улици. Плус, до толку сме благословени што не треба сето тоа да го правиме сами - го имаме Светиот Дух да ни помага, да нѐ води, да ни дава натприродна сила и ресурси. Да, по инерција ќе речеме: Ама така сум навикнат, така сум навикната, не знам за поинаку. Се плашам од промени. Немам никој за да ми помогне. Се плашам да не заглавам уште повеќе. Немам сила. Не знам како.

Да запомнеме дека нашето мислење е командниот центар. Ние им даваме наредба на невроните да го формираат начинот како ќе функционира мозокот, да се изградат патеки врз основа на она што го мислиме. Апотол Павле во Послание до Филипјаните укажува на следново: Научив како да бидам задоволен. Не рече дека така се родил туку дека научил да биде дисциплиниран, да ги управува своите мисли. Значи и ова се учи. Штом сме научиле како е да се биде негативен, зошто да не научиме како да се биде позитивен. Што значи треба да се трансформираме преку обновувањето на нашиот ум.

Да креираме патеки во мозокот кои ќе работат за нас, а не против нас. Ќе добиеме повеќе од она што постојано мислиме. Исто како што пребаруваме на интернет или на социјалните мрежи. Доколку пребаруваме рецепти за правење колачи, се повеќе рецепти и слични содржини ќе ни покажува пребарувањето. И нашиот ум така функционира. Зема податоци од базата на податоци. Со какви податоци е исполнета наша база на податоци? Што сме ставиле во базата? Сме ставиле податоци дека сме благословени или се нешто ни се случува негативно, дека народно кажано сме малер? Доколку не ја преземеме контролата врз нашиот мисловен живот ѓаволот ќе ги искористи тие изградени обрасци против нас со екстремно зголемен интензитет. Божјиот Збор укажува на насоката каде треба да се движиме односно како да живееме со следнива зборови: Медитирај на Божјиот Збор дење и ноќе, да не се одделува оваа книга на законот. Да се медитира значи да се мисли на истото нешто повторно и повторно, да се повторува, да се мисли на Божјата вистина повторно и повторно. Замислете што би се случило во нашиот мозокот, во нашиот ум доколку размислуваме на вистината дека ја имаме Божјата днк-а, дека сме прекрасно создадени, исполнети со Божјата радост и светлина, дека ја имаме Божјата благонаклоност, дека живееме под закрила на Севишниот? Какви невропатеки ќе се креираат во мозокот? Што ќе произведе сето тоа? Какви мисли, какви акции ќе следуваат? Сигурно дека нема да бидеме сведоци на негативност!

Кои мисли ни се повторуваат овој период? Свесни сме за нив? Сме презеле ли нешто во врска со тоа?


 

Негативните мисли го менуваат хемискиот состав на нашиот мозок.  Зошто е тоа така? Затоа што секоја мисла креира неврохемиска промена во нашето тело. Кога мислиме позитивна мисла добиваме наплив на невротрансмитери кои го произведуваат хормонот допамин, кој е задолжен за пријатното и радосно расположение. А колку почесто мислиме на една иста мисла полесно е да мислиме на таа мисла постојано односно таа мисла станува автоматизирана. Ако веруваме во лага доволно долго тогаш ние ја восприемаме и доживуваме таа лага како вистина. Исто како што газејќи по една иста траекторија секој ден, ќе направиме пат, нели? Ако не било разгазено, ќе го разгазиме и ќе се оформи пат. Такви се и патиштата во мозокот што сме ги направиле мислејќи на одредена лага. Тука настапува процесот на обновување на умот. Не по случајност овој серијал се нарекува и Патот до обновен ум.

Ако решиме да не одиме веќе по разгазениот пат, тогаш тревата расте и направениот пат исчезнува. Така треба да направиме и со негативните мисли односно да не газиме по невропатеките во мозокот од негативни мисли туку да креираме нови, позитивни. Секој ќе запраша: Ама како да го направиме тоа, да го обновиме умот, да создадеме нови невропатеки во мозокот? Па еве на пример: Некој човек изградил патека која го произведува следново однеување: секогаш кога е вознемирен, стресот и напнатоста ги фрла на луѓето околу себе, како начин да се справи со својата состојба. Што треба да стори? Прво, треба да е свесен дека зачекорува по истата патека, да застане, да рече не, јас не сакам да се однесувам вака, ќе газам по нова патека. Додавајќи го и Божјиот Збор на таа ситуација декларирајќи: Јас се радувам, трпелив сум во неволја, постојан во молитва. Љубовта е трпелива и добронамерна. Небесниот Татко ми дава трпение. Сѐ можам преку Исус Христос кој ми дава сила. На сето тоа тој човек се доближува до личноста на која ѝ згрешил, се извинува и се насмевнува.

Или друг пример. Ако се чувствуваме невредни и не се сакаме себеси. Гледаме на социјалните мрежи како другите се поуспешни и тоа ни создава уште поголема тежина зошто не сме онаму каде што сакаме да бидеме, зошто го немаме она што тие го имаат итн. Старата патека ќе нѐ одведе до љубомора, завист, озборување, критикување и омаловажување на себеси, можеби и ќе се ставиме во улога на жртва. Но, потребно е да чекориме по новата патека, да газиме по новата патека која ќе се оформи декларирајќи го Божјиот Збор врз нас, дека сме уникатно создадени, едни и единствени, дека сме сакани и дека се што ние потребно ние е веќе обезбедено од Небесниот Татко. Дека го имаме мирот на Исус Христос што го надминува секое разбирање.

На тој начин го обновуваме умот.

Што е она во моментов што ни е најтешка борба и пречка во животот? Кои мисли ни се повторуваат? По кои обрасци постојано живееме? Како реагираме? Како се однесуваме? Не можеме да го победиме она што не го знаеме односно со што се соочуваме и бориме. Потоа да ја знаеме вистината која ќе ги уништи тие погрешни мисли односно мисловни тврдини. Лагата нѐ држи заробени во спиритуален затвор. А ние го имаме спиритуалниот штит, но и како оружје за одбрана го имаме мечот на Духот, а тоа е Божјиот Збор, кој е поостар од двоостар меч, и кој не ослободува.

Но да не заборавиме и на фактот дека борбата нема потреба да ја водиме сами. Во 2 послание на Петар 1:3 пишува: Запознавајќи го Христос, неговата божествена сила ни подарува се што ни е потребно за да живееме побожен живот.

Животот секогаш ни се движи во насока на нашите најсилни и најзастапени мисли.  Да ја запишеме Божјата вистина за нашата ситуација, да мислиме на таа вистина, да ја декларираме постојано, се додека не поверуваме. Ова нека ни биде формула за тоа како да го обновиме умот.

Драги мои, ве поздравувам со Божјиот збор од Послание до Филипјаните:  

Немојте да се јадосувате за ништо, туку во сите ваши молитви барајте го од Бог она што ви е потребно и бидете благодарни за она што го добивате.  Ако правите така, тогаш Божјиот мир, кој е далеку над она што човек може да го разбере, ќе ги чува вашите срца и умови, поради вашата припадност на Исус Христос.

 


 
 

Бидете во тек

со сите новости

Ви благодариме!

КОНТАКТИРАЈТЕ СО НАС

  • Facebook
  • LinkedIn
  • Youtube
  • Instagram
  • Spotify

За сите Ваши прашања

пополнете ја контакт формата

Ви благодариме за пораката!

© 2024 by Eliezer. Powered and secured by Wix

bottom of page