top of page
road-2508733_1920.jpg

Патот до обновен ум

„Немојте да се прилагодувате со овој свет; туку,

трансформирајте се преку обновување на вашиот ум,

за да можете да дознаете која е добрата, угодна и совршена Божја волја!“

Патот до обновен ум (1)

Ако умот не е важен, тогаш нема потреба од негово обновување. Необновениот ум е непријателски насочен кон вистината. Обновениот ум совршено го прикажува натприродното, апстрактното, духовното постоење, кое е возможно за оној кој верува. Тој го илустрира срцето и умот на Небесниот Татко.

Патот до обновен ум (2)

Обновениот ум е како коритото на една река. Реката слободно тече ако нема пречки, ако коритото е чисто. Верата слободно функционира ако умот е обновен, исчистен од секакви отпадоци. Обновениот ум прави контекст за верата да биде реализирана. Трансформацијата доаѓа кога ставаме крај на старото и започнуваме со ново.

Патот до обновен ум (3)

Потребно е да имаме променета перцепција за реалноста. Бевме духовно мртви, а сега сме живи. Бевме изгубени, а сега сме пронајдени. Тоа е инспирацијата за обновен ум. Тука е почетната точка. 

Патот до обновен ум (4)

Промената се случува ако нашата душа, нашето тело би се синхронизирале со духот. Колкава моќ имаат нашите мисли, нашите зборови? Божјиот збор е моќен, тој е семето кое мора да го засадиме во нашиот дух, во нашето срце.  Ако не го сееме Божјиот збор, каков плод ќе дадеме? 

Патот до обновен ум (5)

Сѐ што сме доживеале се искусило преку умот, па се изградило во мозокот и телото. Тоа ќе биде видливо по тоа какви сме ние и како реагираме. Мислата е искуството што нашиот ум го изградил во мозокот.

Ние треба да ја преиспитуваме секоја мисла и да ја преобразуваме, да ја обновуваме во Божја мисла. 

Патот до обновен ум (6)

Словото Божјо е живо и дејствува и е поостро од секаков меч со две острици; и навлегува до разделување на душата и духот, до зглобовите и мозокот, и ги проценува мислите и намерите на срцето. Духот на вистината ни ја открива сета вистина, нѐ води кон вистината. 

Патот до обновен ум (7)

Небесниот Татко го дизајнира нашиот ум да биде една од најмоќните натприродни алатки во универзумот. Но, мора да биде осветен преку Светиот Дух, за да го прикаже дизајнот на Небесниот Татко и Неговите идеи. Обновувањето на умот придонесува да мислиме како Бог што мисли, да одиме по Неговите патишта.

Патот до обновен ум (8)

Во Божјиот Збор на чудесен начин се прикажува кој е правилен, а кој е погрешен начин на размислување и постапување. Божјиот Збор во Послание на апостол Павле до Римјаните 12 глава дава насоки за она како човек треба да размислува и како треба да се однесува.

bottom of page