top of page
  • Youtube
  • Facebook
  • Spotify
  • Instagram
  • LinkedIn

...за Патот, Вистината и Животот...

За Елиезер

    Ништо во животот не се случува по случајност. Па така, не е и овој проект, наречен Елиезер.  Името Елиезер потекнува од Светото Писмо, а неговото значење е: "Богот на мојот татко, ми беше на помош и ме спаси од фараоновиот меч." Со други зборови, "мојот Бог помага".
   Благослов е да се биде благослов за другите. Токму за ова постои Елиезер - да се биде светлината во светот! Елиезер е извор на содржини за мотивација, инспирација и зајакнување на поединецот за да го трансформира својот живот преку обновување на умот. На овој начин поединецот ќе стане свесен за вистината, ќе ја открие својата, од Бога напишана, мисија. Во Послание до Римјаните 12:2 пишува: „Не управувајте се според овој век, туку трансформирајте се преку вашиот обновен ум, за да дознаете која е добрата, угодна и совршена Божја волја.” Обновениот ум е како коритото на една река. Реката слободно тече ако нема пречки, доколку коритото е чисто. Верата слободно функционира доколку умот е обновен, исчистен од секакви отпадоци. Трансформацијата започнува од нас. Обновениот ум трансформира личност, трансформира семејство, трансформира град.

Затоа, како заштитен хаштаг (#) Елиезер го користи #ObnovenUm.

   Елиезер е поткаст за Гласот на Оној кој вика:„Покајте се, зашто се приближи Царството Небесно!” Пригответе го патот на Господ и рамни правете ги патеките Негови, секоја долина нека се исполни и секоја планина и секој рид нека се снизат, кривините нека се исправат и нерамните патишта нека се израмнат и секое тело кое верува во Господ Исус Христос ќе го види спасението Божјо!” Бидејќи, секој кој го повикува името Господово ќе се спаси, зашто Писмото вели: „Секој, кој верува во Него, нема да се посрами”. Ако со устата Го исповедаш Господ Исус и со срцето свое поверуваш дека Бог Го воскресна од мртвите, ќе се СПАСИШ! Бидејќи со срцето се верува за оправдание, а со устата се исповедува за спасение...
   Преку аудио и пишана содржина, Елиезер нуди начини и техники за целокупна благосостојба на поединецот, личен раст и развој, сѐ со цел да ги надмине секојдневните животни пречки, да се соочи со предизвиците и да го живее својот живот со полн потенцијал.
   Слоганот потекнува од зборовите на Исус Христос запишани во Евангелие според Јован 14:6: „Јас сум Патот, Вистината и Животот. Никој не доаѓа при Татко Ми, освен преку Мене.”
   Првата содржина е објавена на 30 јуни 2021 година. Автор, уредник и водител на соржините на Елиезер е Елена Ѓорѓиевска-Костадиновиќ, а во соработка со, и под покровителство на Исус Христос и Светиот Дух.
   Содржините на Елиезер се достапни на официјалниот You Tube канал, платформите за поткасти: Spotify, Google Podcast, Radio Public, Rocket Casts; како и на социјалните мрежи Facebook, Instagram, LinkedIn.

bottom of page