top of page

Остави го Бог да избира за тебе


Седум нешта што треба да ги направиме, седум нешта што треба да ги култивираме во нашиот живот ако се одлучиме дека го сакаме најдоброто од Небесниот Татко.

Прво, ако го сакаме од Бога најдоброто треба да го сакаме, а не да се прилагодуваме и да го прифаќаме она што е помалку вредно.

Како второ, ако го сакаме најдоброто, тогаш треба да се фокусираме на Исус Христос.

Како трето, да медитираме на Божјиот збор.

Како четврто, да станеме пријатели со Светиот Дух.

Петто, да го слушаме и да бидеме послушни на Божјиот збор.

Како шесто, ако го сакаме најдоброто од Бога, да внимаваме како и што слушаме.

И седмо, ако го сакаме најдоброто, да обрнеме повеќе внимание на она што е вечно отколку на она што е привремено. Да бидеме сигурни дека приоритетите ни се правилни и вистински.

И најважното, ако го сакаме најдоброто, да го оставиме Небесниот Tатко Тој да одлучува за нас.



Во Јован 3:27, Јован Крстител изјави:

Не може човек ништо да прими, ако не му е дадено од небото.

Постои разлика помеѓу земање и примање. Многу луѓе земаат, грабаат сѐ што можат да земат. Многупати тоа го прават грубо, бесчуствително, неетички, сѐ само да земат повеќе. Сѐ што се зема на тој начин не трае долго. Единственото нешто што ќе го задржеме е она што е дадено од Небесата, од Небесниот Татко.

Штом е така, зошто тогаш би се мачеле толку да земеме нешто и тоа да го чуваме, а нема да ни биде дозволено да го зачуваме? Зошто не се одмориме и да се свртиме кон Бога и да го запрашаме: „Татко, покажи ми, што сакаш да ми дадеш?“

Исус на Неговите ученици им рече:

Не плаши се младо стадо! Зашто волјата на вашиот Отец е вам да ви го даде царството.

Така што, доколку го имаме Царство по што би трчале и грабале, и присилно би земале? Не земаме борејќи се затоа што волјата на нашиот Небесен Татко е да ни го даде Царството. Ако се фокусираме на земање тогаш не сме во можност да видиме што има за да примиме. Менталитетот дека „ова морам да го земам, дека имам право на тоа“, не нѐ носи на вистинската патека. Тоа не е начинот на кој размислува Небесниот Татко. Царството Небесно функционира поинаку. Треба да прашаме: „Татко, покажи ми, која е Твојата волја, што сакаш да ми дадеш?“

Ова е едниственото што е важно. Тоа е единственото нешто што е трајно. Во Псалм 47 пишува:

Зашто тоа е Господ - Сèвишен, страшен, Велик Цар на целата земја. Народите ни ги покори, ги стави народите под наши нозе, ни го избра наследството.

Небесниот Татко ќе ни го избере најдоброто, подобро отколку ние што мислиме дека можеме да одбереме. Тој знае што е најдобро за нас. Зошто сме збунети и во паника? Во Повторени закони 12:9 пишува:

...зашто сега уште не сте влегле во местото на спокојот и во наследството, што Господ, вашиот Бог, ви го дава.

Зошто не сме влезени во нашето наследство и спокој? Затоа што не сме му дозволиле на Небесниот Татко да ни го даде. Зошто? Затоа што мислиме дека ние можеме да го земеме. Во Јован 10 Исус говори:

Моите овци го слушаат Мојот глас и Јас ги познавам; и тие одат по Мене, и Јас ќе им дадам живот вечен; и никогаш нема да загинат; и никој не ќе ги отме од раката Моја. Мојот Отец, што Ми ги даде, е поголем од сите; и никој не може да ги грабне од раката на Мојот Отец. Јас и Отецот едно сме.

Најголемото и најзначајното нешто во универзумот е тоа што Бог го има дадено. Тоа никој и ништо не може да го одземе. Она што Небесниот Татко ни го има дадено е поголемо од сѐ. Нема потреба од страв, стрес и напнатост. Да ни стои на ум изјавата на Исус: Мојот Отец, што Ми ги даде, е поголем од сите; и никој не може да ги грабне од раката на Мојот Отец. Јас и Отецот едно сме. Тоа е гаранција . Во тоа се состои нашата увереност, спокој и мир. Во Евангелие според Матеј 5:5 Исус говори:

Блажени се кротките, зашто тие ќе ја наследат земјата!

Така што, ако го сакаме најдоброто од Небесниот татко тогаш да го оставиме да избере Тој што е најдобро за нас.

Дали сме подготвени да го оставиме Небесниот Татко да избира за нас?


 

3 views
bottom of page