Еден од најчестите проблеми на денешното живеење е манталното измачување. Денешната кратка порака односно кратко осврнување кон нашето освестување е присуството на менталното измачување. Треба да разбереме дека во нашата современа култура и цивилизација сме експонирани на различен вид притисок и изгледа дека тој притисок постојано се зголемувам, а не се намалува. Овој притисок често асоцира на притисок кој се изразува како глас што постојано ни зборува во умот, а понекогап звучи толку реално, како вистински глас. Но, најчесто е внатрешен глас, но и покрај тоа нештата што ги зборува можат чисто да бидат формулирани во јасни реченици. Треба да рабереме дека онаму каде што има глас постои личност. Не постои во универзумот нешто такво како личност без глас. Присуството на глас навестува присуство на личност. Многупати, гласот што го слушаме во одредени ситуации нѐ обвинува или нѐ измачува на некој начин. Ако тој глас што доаѓа во нашиот ум нѐ обвинува или измачува, тогаш знаеме со сигурност дека позади тој глас има личност, а таа личност е сатаната, ѓаволот. Да имаме на ум дека тој, ѓаволот, е обвинувачот и измачувачот.
Доколку имаме таков глас, слушаме таков глас притискајќи не, измачувајќи не, тогаш знаеме дека без друг доказ, дека ѓаволот работи против нас, во нашиот живот.
Ќе ви дадам неколку обвинувања што тој глас ни ги повторува често, ако не и постојано.
Како прв пример е изјавата дека Господ Бог не нѐ сака. Со ова се чувствуваме одбиени, оттурнати, отфрлени и осамени. Го имаме чувството, впечатокот дека Небесниот Татко за сите останати има план и љубов, ама за нас нема, дека ние сме исклучок, или пак, дека секогаш ќе бидеме губитници. Овој глас, овие изјави, не доаѓаат само во нашиот ум, туку и преку зборовите на другите луѓе. Можеби преку родителите, роднините, колегите, пријателите, со зборовите: „Тебе за ништо не те бидува, во се правиш грешки. Колку пати досега погреши? Секогаш ќе бидеш губитник, никогаш нема да научиш. Никогаш нема да успееш!“
Звучи познато?!
Или пак изјавите како: „Ти полудуваш! Не си како што треба! Преиспитај се!“
Или пак, тој глас ќе надополни дека некој од членовите на семејството го имал истиот проблем и дека твоето однесување или болест е наследна, што воопшто не е точно. Таа мисла, тој глас постојано прогонува и преминува во измачување, ден и ноќ.
Во Јов 3 глава пишува:
...зашто страшното, од кое се ужасував, тоа ме снајде; од што се плашев, тоа ме сполета. Нема за мене мир, нема спокојство, нема утеха; настапи зло.
Врз основа на ова заклучуваме дека стравот од нешто може да отвори врата на она од што најмногу се плашиме. Ѓаволот го користи стравот за да го донесе токму она што го наметнува преку стравот.
Прашањето на сево ова е дали постои решение. Да, секако дека постои. Потребно е да ја препознаеме вратата што сатаната ја користи за да влезе во нашиот живот. Како врата што сатаната ја користи е лутината и непростувањето што го имаме кон одредена личност. Често тоа е личност од најблиското семејство, а со тоа се развива бунтовноста кон Небесниот Татко, понекогаш бунтовност кон општеството или кон личност со авторитет. Решението е да се затвори вратата. Ако станува збор за лутина или непростување, тогаш потребно е да му простиме на личноста, не треба да бидеме огорчени, полни со омраза. Исто како што пишува во молитвата Татко Наш, „прости ни ги долговите како што ние им ги простуваме на другите“. Да запомнеме дека простувањето не е емоција, туку одлука.
Доколку пак, отворената врата ни е бунтовноста кон Бога, тогаш треба да ги затвориме сите врати. Во Јаков 4:7 пишува:
Бог се противи на горделивете, а на смирените им дава благодат.Па затоа, покорете Му се на Бога; а противете се на ѓаволот, и тој ќе побегне од вас!
Така што, не можеме да му се противиме на ѓаволот се додека му се спривставуваме на Небесниот Татко. Она што треба да го сториме е да се подмитиме на Небесниот Татко со зборовите: „Татко, се понизувам пред тебе. Ти си ми Господ, Ти си ми комантант, Ти си мој Создател и ќе направам сѐ што ќе ми речеш“. Дури тогаш имаме право да го земеме мечот на духот, што е двоостар меч, и да ги избркаме ѓаволот од нашиот живот. Исто како што правеше Исус кога беше искушуван. Да изговориме: „сатано ти немаш право над мојот живот, ти немаш никакво право над мене. Тоа право ти беше одземено на крстот, кога Бог го воскресна Исус од мртвите“.
コメント