top of page

Нашето совршено Јас

Моментот кога човекот ја препознава моќта на неговиот ум, индивидуалноста на неговото мислење и како тој има контрола над неговиот живот, тој навистина е способен да го трансформира својот свет. Кога човекот се гледа себеси онака како што Бог го гледа, како Божјо создание, како рефлексија на Бог, како Негово прекрасно дело и слика, тогаш човекот гледа што има во него и го восприема универзумот на поинаков начин. Имено, во Псалм 139 пишува:

Те прославувам затоа што сум чудесно создаден. Прекрасни се Твоите дела; душата моја тоа добро го сознава.

Секој од нас е назначен да ја носи Божјата слава на уникатен начин. Сите ние имаме прекрасен начин за управување на вечноста. Во Проповедник 3:11 пишува:

Сето она што Он го направил да биде прекрасно во свое време, и го вложи во срцата нивни, но да не може човекот да ги разбере докрај делата Божји што Он ги врши од почетокот до крајот.

Како и во Битие цела прва глава завршувајќи со:

И виде Бог дека е многу добро сè она што го беше создал.

Вистинското себе-спознание доаѓа од препознавањето на нашето Совршено Јас - вистинското Јас. Тоа го менува човекот одвнатре кон надвор. Човекот е отклучен.

Ова е многу повеќе од пронаоѓањето на неговата намена и цел. Станува збор за пронаоѓање на самиот себе.


Сите ние сакаме да знаеме кој е Бог. Сите ја рефлектираме Неговата слика. Светот многу ќе изгуби доколку не оперираме со нашето вистинско Јас т.е. совршеното Јас. Секој од нас е специфичен дел од Неговата рефлексија, парчето што носи уникатна смисла, перспектива и надеж во светот. Нема никој како тебе, никој како мене, што значи дека можеме да направиме нешто што никој друг не може да го направи. Поради твоето совршено Јас, твоето искуство за животот ќе го подобри моето искуство. Кога не сме вистинското Јас, сите ние губиме дел создаден од Бога, бидејќи ние ја рефлектираме Неговата слика на единствен и уникатен начин!

Само ние можеме да бидеме со нашето специјално себство. Ние сме набљудувачи со нашето совршено Јас правејќи наши уникатни избори. Јас, за возврат, го имам моето совршено Јас и правам мои избори. Се надополнуваме едни со други, ги надополнуваме нашите искуства, се збогатуваме едни со други и одиме едни покрај други со нашата различност.

Да се живее во нашето совршено Јас е исто така начин за да го славиме она што сме и кои сме ние. Во свет каде што често нѝ се кажува дека не сме доволно вредни или дека не ги исполнуваме стандардите, ова славење е од суштинско значење. Ние не можеме вистински да живееме за Небесниот Татко или да го трансформираме нашето општество доколку го мразиме она што го гледаме во нашето огледало. Нашето совршено Јас е толку длабоко и во суштина врзано за тоа кои навистина сме ние, што веднаш штом дознаеме кои сме, развиваме свесност и желба да бидеме вистинското Јас. Препознаваме дека, кои сме ние, е во основа добро односно како што гласи Божјиот збор ,,виде Бог дека е многу добро сè она што го беше создал“.



Нашето совршено Јас е повеќе од доволно. Штом почнеме да го разбираме нашето совршено Јас и неговата структура, што е доживотно патување, можеме да зачекориме во учествувањето и слободата низ животот, радувајќи се и покрај моменталните околности. Нашето совршено Јас нѐ ослободува за да бидеме вистинското Јас и да го правиме она што го сакаме. А тоа носи задоволство и исполнетост. Тоа ги открива внатрешните квалитети, како што е назначено во Послание до Галатјание 5:

А плодот на Духот е: љубовта, радоста, мирот, долготрпеливоста, добротата, милосрдноста, верата, кротоста, воздржливоста. И тоа е исполнето со надеж - никогаш не се откажува, издржува во сите околности.

Нашето совршено Јас е динамично и постојано менливо. Тоа е клучот за разбирање на животните искуства и лекциите што сме ги научиле, надоградувајќи го нашиот светоглед и давајќи си можности да зачекориме во иднината со неограничен потенцијал за да растеме во нашиот успех. Ние, како набљудувачи, постојано ги надоградуваме нашите искуства како нови податоци кои доаѓаат до израз оформувајќи го начинот како му пристапуваме на светот.

Живеејќи и оперирајќи во нашето совршено Јас е начинот што избираме да го гледаме нашиот свет исполнет со љубов наместо страв. Тоа е она по што сите се стремиме. Нетрпеливоста, неучтивоста, немилоста, гордоста, горчливоста, погрешните избори и траумата предизвикуваат да се навраќаме на чувството на нашето вистинско Јас сѐ со цел да го оживееме редот во нашиот ум и тело. Совршеното Јас нѐ отстранува од светогледот на срам и вина, од тоа ,,дали требаше“, ,,требаше“, ,,јас требаше да“, ,,ќе направев“ итн. Можеме да влеземе во светоглед на надеж, на бескрајни можности и однесувања, што можеме да ги избереме како нови можности кои ќе се реализираат.

Нашето совршено Јас нема да дозволи да го пропуштиме знакот дека сме направени според Божјата слика, за да зачекориме во она што навистина сме. На овој начин, ќе преминеме од траума во слобода, од болка во мир, од неодлучност во акција, од збунетост во јасност, од завист во славење, од фрустрација во очекување, од разочараност во ослободеност, од страв во храброст, од потиснување на работите во имање храброст да се соочиме со истите, од пасивност во страст, од безнадежност во надеж. Тоа ќе нѝ помогне да разбереме што управуваме и како да останеме добри управители на нашиот живот без оглед на околностите. Ако го разбереме нашето вистинско Јас, ќе разбереме како размислуваме, како чувствуваме и како избираме, и на тој начин како да го обновиме умот, овозможувајќи да се соочиме со животните предизвици, како што е нагласено во Послание до Римјаните 12:2:

Немојте да се прилагодувате со овој свет; туку, преобразувајте се преку обновувањето на вашиот ум, за да можете да дознаете која е добрата, угодна, и совршена Божја волја!

Во денешното општество, може да стане многу збунувачко пронаоѓањето на нашиот вистински идентитет. Затоа од најголема важност е да разбереме што значи да се биде направен според Божјата слика. Ако не се пронајдеме тогаш светот ќе нѐ обликува и ќе нѐ брендира. Ние стануваме она што го сакаме, она на што се фокусираме. Затоа треба да го сакаме нашиот Создател гледајќи се како неверојатно парче од вечноста во нас. Фокусирањето на Бога ќе ја зголеми автентичноста на нашето совршено Јас, ништо друго нема да нѐ задоволи.

Кога читаме за нечии постигнувања и ја присвојуваме и адаптираме нивната животна мапа, нивниот отпечаток како наш, ние ќе го ограничиме нашето вистинско Јас. Ти можеш да бидеш само ти и никој друг. Јас можам да бидам само јас и никоја друга. Колку и да сакаме да го притиснеме, да го прикриеме, кога тогаш тоа ќе излезе на површина. Не можеме да растеме, да се развиваме во полниот дизајн и план од Бога, доколку живееме во сомнеж и немир или ако постојано го потценуваме нашиот дар копирајќи ги другите.

Со цел да го одржеме нашиот изглед и уникатност на нашиот живот, потребно е нашите мисли, дух, чувства, избори, зборови и акции да бидат синхронизирани. Така што, кога ќе речеме нешто, во што нашиот мозок не верува, доколку таа изјава не е дел од нашето совршено Јас, тогаш тоа нема да се одржи и може да премине во отровно. Можеме да се трудиме колку сакаме, да бидеме нешто друго од тоа што Бог нѐ создал, но тоа ќе создаде конфликт во нашиот ум и тело, бидејќи на крај секогаш ќе се навраќаме на нашето вистинско Јас.

 

Но, што е нашето вистинско Јас? Тоа е уникатниот и специфичниот начин како ние мислиме, како уникатно и специфично чувствуваме, и како ние уникатно и специфично избираме. Овие се функции на умот во акција: интелектот, емоциите и волјата. Умот во акција гради мисли. Мислите се корењата на нашите уникатни зборови, однесувања, кои се видливи манифестации на нашето совршено Јас. Тоа е манифестацијата на нашиот светоглед.

Ако живееме според Божјиот дизајн, ние ќе бидеме продуктивни, како што пишува во Исаија 50:4:

Господ Бог ми даде вешт јазик, за да можам со зборови да го поткрепувам изнемоштениот: секое утро Тој го раз­будува увото мое, за да слушам како оние што се учат. Во нашто совршено Јас имаме се што ни е потребно за да ја оствариме нашата мисија.

Штом го започнеме процесот на себеоткривање, тогаш ние се вклучуваме во процес на доживотна промена. Нашата цел е да живееме далеку над себеси преку рефлектирање на Божјата слава во скршен свет, но тоа не можеме да го сториме доколку нашето вистинско Јас е скриено и блокирано. Како што гласи во Евангелие според Матеј 5 глава:

Вие сте светлината на светот. Не може да се сокрие град, што се наоѓа на врв планина. Ниту, пак, светило се пали и става под поклоп, туку на свеќник и им свети на сите в куќи. Така треба да свети пред луѓето и вашата светлина, за да ги видат вашите добри дела и да Го прослават вашиот Отец небесни.

 

30 views

Comments


bottom of page