top of page

Молитва за нацијата - Слобода


Господи Татко, доаѓам пред Тебе, во моќното име на Исус, молејќи се за зачувување и проширување на слободата во нашата нација. Татко, ти ја барам Твојата божествена заштита над слободите и правата што ни се подарени од Тебе, мил Господи! Дај му на нашите лидери мудрост и храброст да ги поддржуваат и бранат овие слободи за сите граѓани. Твојата вистина да биде водич на нашата нација за да чекориме во слободата познавајќи Те. Господи, се молам за зачувување и проширување на слободата во нашата нација. Помогни ни да ја користиме нашата слобода одговорно, водени од Твојата вистина и поттикнати од љубовта. И ти барам мудрост за нашите лидери додека донесуваат одлуки кои влијаат на нашите слободи. Нека нашата нација биде светилник на слободата и место каде што сите поединци можат да напредуваат и да ги извршуваат своите намери дадени од Тебе Господи Боже.

Во Моќното Име на Исус Христос се молам Небесен Татко, ти благодарам Господи Свет Дух за совршените молитви, ти благодарам Господи Исусе за Твојата пресвета крв. Амин! 



Библиско писмо:

  • Галатјани 5/1: Стојте така во слободата, со која Христос нè ослободи, и не се подавајте пак под ропски јарем!

  • Галатјани 5/13-14:  Вие, браќа, повикани сте кон слобода; но слободата ваша да не ви служи како повод за угодување на телото, туку со љубов служете си еден на друг. Оти, целиот Закон се извршува во еден збор, односно: сакај го ближниот како самиот себе!

  • 2. Коритјани 3/17:  А Господ е Дух; а каде што е Духот Господов, таму има слобода.

  • Јован 8/35-36: А робот не останува вечно дома; Синот останува вечно. И ако Синот ве ослободи, навистина ќе бидете слободни.

 

0 views
bottom of page