top of page

Молитва за нацијата - Преродба


Господи Татко, доаѓам пред Тебе, во моќното име на Исус, молејќи се моќна преродба да ја зафати нашата нација. Понизно го бараме Твојот Свет Дух

да дојде во моќ, разбранувајќи ги срцата на поединци и да го разгори копнежот за потрага по тебе. Нека Твојата љубов и вистина ја заситат нашита земја, трансформирајќи ги животите и донесувајќи исцелување во нашите заедници. Ние стоиме на ветувањето на Твојот Збор, верувајќи дека Ти си во можност да направиш преизобилно над сè што бараме или замислуваме. Господи, Те викаме за преродба што ја обновува нашата ревност за Тебе и носи трансформација на нашата нација. Разбуди ги нашите срца, разбуди ги нашите духови и приближи нè до Тебе. Твојата вистина да свети силно за да ја  разоткрие темнината и да ги придвижи луѓето во слобода и изобилен живот пронајден во Исус Христос. Нека оваа преродба се шири како шумски ветар, кој носи надеж, помирување и спас за сите.

Во Моќното Име на Исус Христос се молам Небесен Татко, ти благодарам Господи Свет Дух за совршените молитви, ти благодарам Господи Исусе за Твојата пресвета крв. Амин! 



Библиско писмо:

  • 2. Летописи 7/14: И ако Мојот народ, кој се именува со Моето име, се смири, почне да се моли, да го бара лицето Мое и се одврати од своите лоши патишта, Јас ќе чујам од небото и ќе му ги простам гревовите негови и ќе ја излекувам земјата негова.

  • Псалм 84/6: Нема ли, Боже, да се повратиш, и пак да нè оживееш, и луѓето Твои да се зарадуваат во Тебе?

  • Псалм 50/10: Создај чисто срце во мене, Боже, и дух вистински обнови во мене.

  • Апостолски Дела 3/19-20: Покајте се, пак, и обратете се, за да се очистите од гревовите ваши, за да дојдат времиња за освежување од лицето Господово, и Тој да ви Го прати вам претскажаниот Исус Христос.

 


2 views

Бидете во тек

со сите новости

Ви благодариме!

КОНТАКТИРАЈТЕ СО НАС

  • Facebook
  • LinkedIn
  • Youtube
  • Instagram
  • Spotify

За сите Ваши прашања

пополнете ја контакт формата

Ви благодариме за пораката!

© 2024 by Eliezer. Powered and secured by Wix

bottom of page