top of page

Молитва за нацијата - Образование


Господи Татко, доаѓам пред, Тебе во моќното име на Исус, и го подигнувам образовниот систем пред Тебе. Се молам за мудрост и можноста да се расудува добро од страна на воспитувачите и управителите во образовниот систем за да можат да ги водат и обликуваат умовите на генерацијата која што е, како и следните кои доаѓаат со извонредност и интегритет. Додели му на учениците желба за учење, жед за знаење и способност за откривање и развивање на нивните уникатни дарови и таленти кои Ти му ги имаш доделено за исполнување на Твоите задачи и цел. Господи Татко, исто така, се молам за образованието на нашата нација да биде светилник на светлината, опремувајќи ги поединците да донесат позитивен придонес во нашето општество и општествата на соседните народи кои нѐ опкружуваат. Јас се молам за заживување на образовниот систем каде што учениците ќе растат академски, емоционално грижливи и духовно исполнети со мудроста на Твојот Свет Дух. Ти благодарам, Господи Исусе, за нашите воспитувачи кои си ги овластил да пренесуваат знаење и мудрост во умовите на нашите ученици со кои тие ќе бидат приемчиви и желни да учат и совладуваат препреки и предизвици на времињата кои доаѓаат. Господе, води ги нашите управители во мудро донесување на одлуките кои се од витално значење за благосостојбата и растот на нашите ученици.

Во Моќното Име на Исус Христос се молам Небесен Татко, ти благодарам Господи Свет Дух за совршените молитви, ти благодарам Господи Исусе за Твојата пресвета крв. Амин! 



Библиско писмо:

  • Изреки 2/10-11: Кога мудроста ќе влезе во срцето твое, и знаењето ќе ѝ биде пријатно на душата твоја, тогаш расудувањето ќе те брани, разумот ќе те чува.

  • Изреки 16/3: Предај ги делата свои на Господа, и твоите намери ќе се исполнат.

  • Изреки 22/6: Поучи го момчето од почетокот на патот негов: тој нема да скршне од него и кога ќе остари.

  • Изреки 23/12: Управи го срцето свое кон учење и ушите свои – кон умни зборови.

  • Колосјани 3/16-17: Словото Христово изобилно нека се всели во нас; во секоја мудрост да се учите и да се советувате еден друг со псалми и химни, и со духовни песни, пеејќи Му на Господа со благодарност во срцата ваши! И сè што вршите со збор или со дело, вршете го во името на Господа Исуса Христа, благодарејќи Му преку Него на Бога и Отецот! 

 

0 views
bottom of page