top of page

Молитва за нацијата - Медиуми и комуникации

Господ иТатко, доаѓам пред Тебе, во моќното име на Исусм молејќи се за медиумите и комуникациските мрежи во нашата земја. Татко, јас ја барам Твојата мудрост да ги раководи оние во медиумската индустрија да известуваат вистински, одговорно и со интегритет. Дај им расудување на гледачите, слушателите и читателите, за да можат да го бараат од добиените информации она што се усогласува со Твојата вистина. Стојам на ветувањето на Твојот Збор, знаејќи дека сакаш комуникација што носи уредување и единство. Господи, ги кревам медиумите и комуникациските канали како и социјалните мрежи во нашата нација до Тебе, и се молам за обновување на интегритетот, одговорноста и посветеноста на вистината. Нека медиумите служат како платформа за промовирање на разбирањето, единството и позитивните промени во нашата земја. Раководи со нас Господ и освети го нашиот вид за да може нашето гледање да биде свето. Освети го нашиот слух за нашето слушање да биде свето, за да можеме да бидиме остроумни во нашите избори и да ја бараме вистината пред сè, во медиумите и комуникациите кои нѐ опкружуваат вклучувајќи ги и социјалните мрежи. 

Во Моќното Име на Исус Христос се молам Небесен Татко, ти благодарам Господи Свет Дух за совршените молитви, ти благодарам Господи Исусе за Твојата пресвета крв. Амин! 



Библиско писмо:

  • Излез 23/1-2: Не примај лажни изјави! не мешај се со неправедни, за да сведочиш криво. Не оди со мнозинството на зло и не согласувај се со мнозинството против правдата, поведувајќи се по мнозинството.

  • Псалм 33/12-14:  Сака ли човек да живее и да види добри денови? Нека си го воздржува јазикот од зло и устата своја од лаги, нека се клони од зло и нека прави добро! Да бара мир и да врви по него.

  • Псалм 36/30:  Устата на праведникот кажува мудрост, а јазикот негов изговара правда.

  • Псалм 140/3-4: Постави, Господи, стража пред устата моја и врата на усните мои! Не давај да застрани срцето мое кон зборовите лукави, да врши грешни дела заедно со луѓето, кои вршат беззаконија; јас нема да се здружам со нивните избраници.

  • Ефесјани 4/29: Никаков лош збор да не излегува од устата ваша, туку само добар, за издигање каде што треба, за да им принесе благодат на оние што слушаат.

  • Филипјани 4/8: А понатаму, браќа мои, на она што е вистинско, што е чесно, што е праведно, што е чисто, што е љубезно, што е достојно за слава, на она што е добродетел, што е за пофалба, само на тоа мислете! 

  • Колосјани 4/6: Зборот ваш секогаш да биде благодатен, зачинет со сол, за да знаете како треба на секого да му одговарате!

 

1 view
bottom of page