top of page

Молитва за нацијата - Благодарност


Молитва: Господи Татко, доаѓам пред Тебе, во моќното име на Исус, со срце исполнето со благодарност за благословите што си ни ги дал врз нашата земја. Ти благодарам за слободата, можностите и изобилството во кое уживаме. Помогни ни да го негуваме духот на благодарност и задоволство и отвори ни ги очите да го препознаеме секој подарок, кој што е добар и совршен, дека доаѓа од Твојата рака. Нека благодарноста проникне во нашата нација, негувајќи единство, смирение и подлабоко почитување на Твојата одредба. Ние ја нудиме нашата срдечна благодарност кон Тебе зошто си Свет и Најдобар и нема како Тебе О, Господи. јас се молам за благодарноста да стане главна карактеристика на нашата нација - Македонија, и отвори ги очите на нашите срца да ја видиме Твојата Голема милост врз нас. 

Во Моќното Име на Исус Христос се молам Небесен Татко, ти благодарам Господи Свет Дух за совршените молитви, ти благодарам Господи Исусе за Твојата пресвета крв. Амин! 



Библиско писмо:

  • 1. Солунјани 5/18: Благодарете за сè, оти таква е волјата Божја во Христос Исус спрема вас!

  • Псалм 106/1: Славете Го Господа, зашто е добар, зашто е вечна милоста Негова!

  • Колосјани 3/15: И мир Божји да владее во срцата ваши, за што сте повикани во едно тело, и бидете благодарни!

  • Филипјани 4/6-7: За ништо не грижете се, туку во сè преку молитва и молба со благодарност изјавувајте ги пред Бога своите барања, и мирот Божји, што надвишува секој ум, ќе ги запази вашите срца и вашите мисли во Исус Христос.

 

1 view
bottom of page