top of page

Декларации за успех


Во Книга пророк Еремија пишува: Оти само Јас ги знам замислите, што Сум ги смислил за вас, вели Господ, замислите за добро, а не за зло, за да ви дадам иднина и надеж. Па ќе повикате по Мене, ќе појдете и ќе Ме замолите, и ќе ве чујам; ќе Ме побарате и ќе Ме најдете, ако Ме побарате од сѐ срце. Тоа значи дека Господ ова ни го зборува нам, за ние да просперираме, да бидеме задоволни, да имаме надеж. Господ сака да нѐ просперира духовно, физички, емоционално, да имаме повеќе од доволно за да бидеме благослов за другите. Господ мисли на нас, на мене, на тебе.

Ајде да изјавиме, да изговориме зборови на вера за да се согласиме со она што Господ Бог го говори за нас, да ги декларираме неговите планови за нас. Зад нас оставаме сѐ што било негативно, тажно, неправично, лошо и денес влегуваме во нов почеток. И како што ги изговараме овие зборови, нека продрат длабоко во нашиот дух, да ги впиеме, да ги апсорбираме. Зборовите имаат моќ доколку им дозволиме да фатат корен во нашиот дух. Овие се моќни зборови, бидејќи нашиот Небесен Татко говори дека секој Негов збор не се враќа празен, туку го прави она за што е наменет. Затоа ни го даде Неговиот збор за да бидеме победници. Да го оставиме багажот од минатото, да направиме место за нови убави нешта во нашиот живот. Да ги оставиме работите, повредите, нападите кои нѝ биле нанесени неправично, грешките што сме ги направиле.



Така што, во моќното име на Исус Христос, го отпуштаме минатото и нема да се навраќаме на истото, туку ќе чекориме во новите работи што Бог нѝ ги создал. Ние сме нови битија во Исус Христос. Старото помина, и сега сѐ е ново. Изјавуваме дека имаме очи за да ги видиме новите нешта, за да бидеме свесни за она што Бог го прави за нас. Ние сме храбри, одиме од победа во победа. Изјавуваме дека ние сме благословени и дека не можеме да бидеме проколнати. Ние сме над, а не под, ние сме главата, а не опашката. Изјавуваме, во моќното име на Исус Христос, дека ќе извршуваме моќни дела за Господ Бог и дека ништо нема да може да нѐ запре, затоа што Бог ги скина сите синџири што нѐ држеа заробени и врзани. Ние сме благословени.

Да изјавиме: Ние сме паметни, талентирани, креативни, дисциплинирани, и секој ден сме сѐ подобри и помудри. Изјавуваме, во моќното име на Исус Христос, дека ја имаме Божјата благонаклоност и ќе просперираме на секое поле во нашиот живот. Од денес ние и нашето семејство сме просперитетни, како финансиски, така и на секој друг начин. Изјавуваме дека сѐ што ќе допрат, сѐ што ќе работат нашите раце ќе просперира и ќе успее, клетвата на сиромаштија и недостиг е прекината. Од денес започнува нашиот проперитет, нашето изобилие. Бидејќи му даваме од срце на Господ Бог Тој ќе нѝ даде и ќе нѝ возврати до степен до кој не би можеле да чуваме и складираме и би давале и на други. Ќе искусиме неочекувани благослови и натприродна благонаклоност. Врз нас е помазанието да успееме финансиски.

Изјавуваме дека од денес сме слободни, ослободени од страв, вина, срам, осудување, депресија, анксиозност, во моќното име на Исус Христос, бидејќи Божјиот Збор гласи: Секој кој што е ослободен од Исус Христос е навистина слободен. Заради тоа што Исус Христос го направи на крстот, секој синџир е скинат и ние ја надминуваме секој ситуација и секоја пречка што ни стои на патот, бидејќи поголем е оној што е во нас отколку оној што е во светот, и од денес ќе бидеме сѐ она што Господ Бог нѐ создал да бидеме.

Изјавуваме дека му веруваме на Семоќниот Бог дека ќе го води нашиот живот, дека ќе ги води нашите одлуки, сѐ што е скршено во нашиот живот ќе го направи ново. Изјавуваме надеж, лекување, обнова со сигурност дека сме деца на Севишниот Бог и дека неговата љубов кон нас никогаш не престанува. Изјавуваме, живот, љубов и заштита.

Изјавуваме дека од денес ќе добиеме повраток на сѐ она што непријателот - ѓаволот нѝ го одзел, нѝ го украл. Си ја земаме радоста назад, си го враќаме мирот назад, си го земаме здравјето назад. Изјавуваме во моќното име на Исус Христос дека ни едно оружје ковано против нас нема да просперира и секој јазик кренат против нас на суд ние ќе го обвиниме. Преку раните на Исус Христос ние веќе сме излекувани. Ние нема да се откажеме од Божјите ветувања бидејќи Исус Христос рече Јас дојдов за да имаш живот вечен и живот во изобилие. Господ Бог прави нови нешта. Тој го обновува нашиот живот, го обновува нашиот живот, ги обновува семејните врски, го обновува нашиот ум, обновува сѐ што ни било одземено, украдено и скратено.

Изјавуваме дека сме луѓе со визија, сите наши соништа и планови ќе се реализираат. Имаме нови идеи, нови вештини, откриваме нови таленти. Изјавуваме дека имаме натприродна мудрост за да ги донесеме најдобрите одлуки што ќе ја остварат нашата судбина. Изјавуваме дека имаме натприродно изобилство и пробив на секое поле во нашиот живот, во моќното име на Исус Христос.


 

8 views
bottom of page