top of page

Патот до обновен ум (8)


Во Божјиот Збор на чудесен начин се прикажува кој е правилен, а кој е погрешен начин на размислување и постапување. Имено, во 12-тата глава од секој дел од почетокот на Новиот Завет, па сѐ до Послание на апостол Павле до Римјаните, Исус Христос укажува на она што е погрешно.

Во Евангелие според Матеј 12 глава стои:

Во тоа време, една сабота, Исус минуваше преку нивјето, а учениците Негови огладнеа, па почнаа да кинат класје и да јадат. Фарисеите, штом го видоа тоа, Му рекоа: „Ете, учениците Твои прават, што не треба да се прави во сабота.А Он им рече: „Не сте ли читале што направи Давид, кога сам тој огладне и оние што беа со него?

Во Евангелие според Марко во истата глава е наведено:

И почна да им говори во параболи: „Еден човек насади лозје, и го загради со плот, па ископа бунар и соѕида кула; и, откако им го предаде на лозарите, си отиде. А кога дојде времето, испрати кај лозарите еден слуга, за да го прибере од нив плодот на лозјето. Но тие го фатија слугата, го натепаа и го испратија празен...

Во Евангелие според Лука Исус го укажува следново:

Меѓутоа, кога се насобраа илјадници народ – така што се газеа еден со друг, Он почна да им зборува најнапред на Своите ученици: „Пазете се од квасот фарисејски, што е лицемерие. Нема ништо сокриено, а да не се открие, ни тајно – што не ќе се узнае; па затоа, што сте рекле во темнина, ќе се чуе на видело; и што сте рекле на уво во скривница, ќе биде разгласено од покривите.

Во Евангелие според Јован пишува:

На шест дни пред Пасха дојде Исус во Витанија, каде што беше умрениот Лазар, кого го воскресна од мртвите. Таму Му приготвија вечера и Марта послужуваше, а Лазар беше еден од оние што седеа на трпезата. А Марија, како зеде литар чисто скапоцено миро, ги помаза нозете Исусови, и ги избриша со косата своја нозете Негови; и куќата се исполни со мирис од мирото. Еден од учениците Негови, Јуда Симонов Искариот, кој што подоцна Го предаде, рече: Зошто не се продаде ова миро за триста динарии, и да се раздадеше на сиромаси? Ова тој го рече не дека се грижеше за сиромасите, туку зашто беше крадец. Тој го чуваше ковчежето и крадеше од она, што пуштаа во него. А Исус рече: „Оставете ја! Таа го запазила тоа за денот на Моето погребение; оти сиромасите ги имате секогаш покрај себе, а Мене Ме немате секогаш.”

Во Апостолски дела се наведува следнава случка:

Во тоа време цар Ирод стави рака на некои од Црквата, за да им направи зло, и со меч го уби Јакова, братот Јованов. А кога виде, дека тоа им се свиде на Јудејците, го фати и Петра...


Сите овие случки покажуваат на погрешен светоглед, погрешни верувања, погрешни начини на решавање на ситуациите, не постои разбирање, искрена љубов, желба за промена.

Токму заради тоа Божјиот Збор во Послание на апостол павле до Римјаните 12 глава дава насоки за она како човек треба да размислува и како треба да се однесува:

Браќа, во името на милоста Божја, ве молам подајте ги телата ваши во жртва жива, света и благоугодна на Бога, и тоа ќе биде вашата духовна служба, и не управувајте се според овој век, туку трансформирајте се преку вашиот обновен ум, +за да можете да дознаетеате, која е добрата, угодна и совршена волја Божја. Зашто, преку благодатта, што ми е мене дадена, на секого од вас му кажувам да не мисли повеќе, отколку што треба да мисли; туку мислете скромно според делот на верата, што Бог на секого му го одмерил.
Љубовта нека не биде лицемерна; отстранувајте се од злото, прилепувајте се кон доброто; еден спрема друг бидете љубезни со братска љубов: натпреварувајте се +во почитувањето еден кон друг. Во усрдноста да не сте мрзливи; духот да ви биде пламенен; служете Му на Господа; бидете радосни во надежта; во маката бидете трпеливи, а во молитвата постојани; помагајте им на светиите во нивните нужди; трудете се да бидете гостопримливи; благословувајте ги оние што ве гонат; благословувајте ги, но не и да ги колнете. Радувајте се со радосните, и плачете со расплаканите! Бидете помеѓу себе едномислени; не мислете за високи работи, туку држете се смирено; не мислете дека сте мудри; и никому не враќајте зло за зло, а размислувајте за тоа што е добро пред сите луѓе. Ако е можно, доколку тоа зависи од вас, бидете во мир со сите луѓе. Не одмаздувајте се, возљубени, за себе, туку дајте му место на Божјиот гнев. Оти е напишано: „Одмаздата е Моја. Јас ќе отплатувам – вели Господ”. И така, ако непријателот твој е гладен, нахрани го; ако е жеден, напој го; оти, правејќи го тоа, ти ќе му натрупаш жар на главата негова. Не дозволувај злото да те победи, туку победи го злото со добро.

Импресивно е досега наведеното, нели? Но да биде уште поимпресивно, Божјиот Збор во истиот правец се надоврзува во секоја следна 12 глава, како што пишува во Прво послание на апостол Павле до Коринтјаните:

А за духовните дарови, не сакам, браќа, да не знаете. Знаете дека, кога бевте незнабошци, се влечевте при немите идоли, како да ве водеа. Затоа ви кажувам дека никој, кој зборува преку Божјиот Дух, не фрла анатема на Исуса, и никој не може да Го нарече Исуса Господ, освен преку Светиот Дух. Постојат разни дарови, но Духот е еден и ист; има разни служби, но Господ е еден и ист; и разни сили постојат, но Бог е еден и ист, Кој врши сè во сè.

Во Второ послание до Коринтјаните, Словото ја прикажува натприродната, небесната реалност за оној кој избира да живее според Божјите начела и принципи, и да го донесе Небесното Царство тука на земјата.

Да се фалам, немам полза, но ќе минам кон виденија и откровенија Господови. Знам еден човек во Христос, кој пред четиринаесет години, со тело ли, не знам; без тело ли, не знам: Бог знае, беше грабнат и однесен до третото небо. И знам дека тој човек, со тело ли, или без тело – не знам: Бог знае, беше грабнат и однесен во рајот и дека чул неискажливи зборови, кои што човек не може да ги искаже. Со таков човек ќе се пофалам; но со себеси нема да се пофалам, освен со моите слабости.

А во Послание на апостол Павле до Евреите се завршува со следново:

Затоа и ние, имајќи толку многу сведоци, да отфрлиме од себеси секакво бреме и грев, што лесно нè окружува, и со трпеливост да побрзаме кон претстојната борба, имајќи Го пред очи Началникот и Завршителот на верата – Исус, Кој, поради Неговата идна радост претрпе крст, откако го презре срамот, и седна од десната страна на престолот Божји. Помислете, пак, на Оној, Кој од грешниците претрпе над Себеси таква поруга, та да не ви дотегне, и да не опаднете духом! Во борбата против гревот уште не сте се противеле до крв, и сте ја заборавиле утехата, која вам, како на синови, ви зборува: „Сине мој, не презирај ја дисциплината од Господа и не опаѓај со духот, кога те изобличува, зашто Господ го дисциплинира оној, кого што го сака; го бичува секој син, кого што го прима”. Затоа „исправете ги премалените раце и ослабените колена”, и со нозете свои „направете си прави патеки” та, она што е хромо, да не се отклони, туку поскоро да се исцели.

Врз основа на овие Божји зборови можеме да согледаме како се однесуваме и како живееме според стариот светоглед, а како треба да живееме според новиот светоглед. Божјата мудрост да ви даде дух на расудување, да ви ја открие вистината и со тоа да се трансформирате преку обновување на вашиот ум. Секое добро.


 



0 views

Comments


bottom of page