Секој од нас има изграден, оформен светоглед за одредена работа.
Светогледот претставува став или збир од мисли со прикачени информации и емоции што генерираат одредена перцепција. Тие го обликуваат начинот на кој го гледаме светот и комуницираме со светот. Тие можат да нѐ унапредат, да нѐ возвишат дозволувајќи ни да ги оствариме нашите соништа, или да нѐ насочат во погрешниот правец, доколку не сме внимателни. Светогледот е моќен ментален ресурс и извор на моќ. Нашиот светоглед ги поставуваат нивоата на очекување кои ќе бидат позитивни или негативни.
Секој момент од денот, нашиот мозок и телото физички реагираат и се менуваат во одговор на мислите што поминуваат низ нашиот ум - нашите светогледи му даваат вкус на нашите мисли правејќи нашиот мозок и тело да работат за нас или против нас. Но бидејќи ние ги контролираме нашите светогледи, тие не се некои програмирани функции туку ние сме оние кои всушност правиме и придонесуваме нашиот ум и тело да работат за нас. Разбирајќи како светогледот за различни нешта се формира и како тој го менува мислењето е практичен и корисен начин да ја разбереме моќта на нашиот ум за да го промениме нашиот мозок. Светогледите ни помагаат да ја видиме силата на нашите перцепции додека го оптимизираме нашиот мисловен живот преку генерирање на правилните перцепции, откривајќи ја нашата сила и отпорност. Вистинскиот, правилниот светоглед е неопходен за да успееме на училиште, на работа и во животот.
Нашиот мозок одговара на нашите животни избори - кои се под влијание на нашите светогледи. Ние не сме контролирани од нашата биологија, без оглед на тоа колку ни е умот смирен или хаотичен во кој било момент од времето. Самото мислење на нешто може да предизвика нашиот мозок да се менува преку енергетските бранови што се генерирани, на структурно ниво преку генетските изрази, и на хемиско ниво преку испуштањето на невротрансмитерите. Невротрансмитер е супстанција која го регулира пренесувањето на електрични сигнали помеѓу нервните ќелии. Моќта на умот да го промени мозокот е фасцинантна.
Нашите мисли можат да го променат нашиот мир, здравје, визија, фитнес, сила и многу повеќе. Способноста да се мисли, чувствува и избира и да се градат нови мисли во светогледи е едно од најмоќните нешта во универзумот бидејќи оваа моќ е изворот на сета човечка креативност и имагинација. Мислата не е само нешто, туку нешто што влијае на други нешта. Каде што ни е умот фокусиран, таков ќе ни биде и животот. Затоа и Божјиот Збор ни говори:
Мислете на небесното , а не на земното.
Дури и истражувањата покажуваат дека верувањето дека ќе успееме е предвесник за успех. И обратно, мислењето дека сме ограничени е ограничувачки фактор за успех. Можеме да присвоиме светоглед кој ќе ја подобри нашата креативност и функционалност или можеме да одбереме став кој нѐ ограничува. Вистината е тоа што ние не мора да научиме да мислиме надвор од кутијата. Ние мора да препознаеме дека кутијата e измислица на нашата имагинација - ние сме интелигентни онолку колку што сакаме да бидеме. Ние можеме да го дизајнираме и форматираме нашиот мозок со нашите мисли.
Што се случува кога мислиме?
Да гледаме на умот како движење на информации, како енергија низ нашиот нервен систем. Секоја мисла има квантна енергија или електрохемиски и електромагнетни сигнали кои патуваат низ мозокот и телото под нивото на свесност во нашиот потсвесен ум. На пример, самото мислење на некој кој што го сакаме може да предизвика позитивни промени во мозокот. Здравите електромагнетни сигнали и квантните полиња ги раздвижуваат мозокот и телото за одговор преку добро однесување, давајќи ни сила. Обратниот случај го има спротивниот ефект. Стресот е добар сѐ додека не премине во токсичен, во зависност од нашата перцепција за дадената ситуација.
Врската ум - тело покажува дека сигналите на умот кои се гледаат како нефизички светлински бранови или пакети од светлина формираат од 90 до 99 проценти од она што сме ние. Начинот на кој мислиме, преку светогледите што ги присвојуваме, ќе влијае на нервите во мозокот а тоа ќе влијае на зборовите и акциите. А зборовите и акциите ќе влијаат на мозокот, и така овој круг ќе се повторува. Но, овој круг може да се измени во кое било време кога сакаме ние, а тоа преку изборот да го промениме нашиот светоглед. На пример, промената од светогледот дека одредена ситуација е закана во промена дека таа ситуација е можност за развој. Имаме толку многу капацитет во нас да напредуваме наместо да копнееме. Кога намерно избираме да практикуваме да оперираме во светогледот на благодарност, тогаш имаме чувство на подготвеност и чист ум. Патот на успехот започнува со нашето мислење, а нашиот мозок одговара врз основа на тоа.
Ако ги бомбардираме 75 до 100 трилиони клетки на нашиот ум и тело со токсични сигнали од негативни мисли, тогаш негативно влијаеме врз акциите и изразите на нашите клетки тренирајќи ги да произведат негативност во иднина. Мислењето на овој начин да развиеме негативен светоглед до степен на хаос и опустошување во умот, мозокот и телото.
Но, овиј начин на мислење подлежи на промена. Изборот е во нас. Можеме да го смениме нашиот светоглед преку трансформирање на начонот како мислиме, чувствуваме и избираме. Можеме да одлучиме да им додаваме позитивност на клетките во нашето тело ценејќи и почитувајќи ја нашата природна склоност кон љубов. Ние сме врзани за оптимизам. Всушност ние имаме моќ да ги промениме токсичните светогледи со наше уникатно мислење на секои десет секунди. Нашиот мозок е приврзан за нашиот ум - дизајниран е да одговара на нашето свесно мислење. Ова е всушност она што значи да го обновиме и редизајнираме умот и да ги заробиме сите неправилни и негативни мисли. Ова значи дека можеме да го редизајнираме нашиот мозок со нашиот правилен светоглед избирајќи да бидеме пооптимистични и присвојувајќи практики на здраво мислење. На ваков начин ние свесно и намерно внимаваме на што мислиме, што зборуваме и што правиме.
Нашиот светоглед или светогледи го формираат нашите мисли, однесувања и перцепции. Нашите мисли ја контролираат нашата биологија. Ги вклучуваме или исклучуваме нашите гени со секоја мисла што ја имаме, а секоја мисла е резултат на начинот на кој ги гледаме и восприемаме животните искуства. Колку повеќе мислиме според нашата уникатно направена Божја слика толку повеќе ќе го регулираме нашето мислење.
Огромна е важноста на учењето да се контролира и активира моќта на светогледот што го имаме сѐ цо цел да влијаеме врз резултатите во животот. Секој од нас уникатно мисли, гледа, носи одлуки, учи. Ако се познаваме себеси, ќе знаеме како правилно да мислиме. Доколку дојдеме до реализација колку моќ имаме во умот, ќе започнеме да ги користиме мислите да работат за нас наместо против нас.
Ние сме создадени да мислиме за љубов, добрина, оптимизам. Нашето тело и умот се создадени совршено да функционираат во позитивен ум. Кога имаме негативен светоглед, а што значи надвор од синхронизација за љубов, ние ги уништуваме мозокот и телото, а тоа ни влијае на менталното и физичкото здравје.
Како можеме ова да го промениме? - Тоа можеме да го сториме преку менување на светогледот, лекувајќи го уништеното и подобрување на начинот на кој функционираме. Можеме повторно да ја напишеме приказната од нашето минато односно да ја преобликуваме. Љубовта е термин за чадор на сите карактеристики што ги вреднуваме како човечки битија, како благодарност, мир, трпение, учтивост, позитивност, среќа итн. Љубовта е за успевање, а не за преживување. Стравот од друга страна, е изместена љубов- спротивно од љубов, како што неблагодарноста е спротивна на благодарноста, или суровоста е спротивна на благоста и милоста. Светогледот на страв се фокусира на недостиг на љубов, страв од загуба, ја укочува креативноста и имагинацијата, замаглувајќи ја индивидуата да ги постигне своите цели и соништа.
Можеме да го тренираме мозокот да се фокусира на добрите работи во животот. Одвреме навреме можеби ќе почувствуваме дека негативното доминира во нашиот живот, но да застанеме и да размислиме и да ги проанализираме мислите. На што мислиме најмногу? На она што мислиме најмногу, тоа и ќе расте. Ако, на пример, мислиме на нешто секој ден по два часа, два месеци, нашиот мозок се променил, се адаптирал за да ја прифати таа мисла. Мислите ги засадуваме длабоко во несвесниот ум и на тој начин дозволувајќи им да го обликуваат нашиот светоглед, кој што пак, ќе влијае на идните мисли, зборови и акции. На она што мислиме најмногу, ќе има најмногу енергија и ќе доминира во нашето мислење, дали е добро или зло.
Што е потребно? Потребно е да ги редизајнираме нашите мисли и свесно да ги култивираме здравите, позитивните и Божјите мисли.
Ве поздравувам со мислата на апостол Павле до Филипјаните:
За ништо не грижете се, туку во сè преку молитва и молба со благодарност изјавувајте ги пред Бога своите барања, и мирот Божји, што надвишува секој ум, ќе ги запази вашите срца и вашите мисли во Исус Христос.