Господи Татко, доаѓам пред Тебе, во моќното име на Исус, и го подигнувам здравствениот систем во молитва и го барам Твојот исцелувачки допир и божествено водство да биде над нашите даватели на здравствени услуги, администратори и истражувачи. Додели му, Господи Татко, мудрост, сочуство и проникливост како да се грижат подобро за болните и да бараат решенија за здравствените предизвици кои константно надоаѓаат. Се молам нашиот здравствен систем и здравствените системи на соседните земји кои нѐ опкружуваат да бидат светилник на надеж и обновување каде што секој поединец ќе добива квалитетна здравствена нега и ќе ја искуси Твојата лекарска моќ зашто Ти си Господ наш доктор и преку раните на Исус Христос ние сме излекувани! Јас се молам за издржливост и сила на нашите здравствени работници, ги подигнувам нивните финансии до Тебе о, Господи и ти барам со оружјето на Твојата милост да ги заштитиш од силите на темнината кои констатно ги напаѓаат и ги повикуваат нивните имиња. Улогори воини ангели околу нив подготвени со нивните огнени мечеви да водат жестока битка против злите. Татко ти верувам дека му обезбедуваш ресурси и подршка што им е потребна на оние кои страдаат. Води ги истражувачите во нивната потрага за медицински напредок и откритија и нека нашиот здравствен систем биде место на сочуство, исцелување и обновување одразувајќи ја Твојата неизмерна љубов и милост.
Во Моќното Име на Исус Христос се молам Небесен Татко, ти благодарам Господи Свет Дух за совршените молитви, ти благодарам Господи Исусе за Твојата пресвета крв. Амин!
Библиско писмо:
Исаија 53/5: А Исус беше изнаранет за нашите гревови и мачен заради нашите беззаконија, казната за нашиот мир падна врз Него, а преку Неговите рани ние се излекувавме.
Еремија 17/14: Исцели ме Господи, и исцелен ќе бидам; спаси ме, и спасен ќе бидам, зашто Ти си моја похвала. Благословен да е Господ доктор наш.
Јаков 5/14-16: Болен ли е некој меѓу вас, нека ги повика свештениците црковни, та да се помолат над него, и нека го помажат со елеј во името Господово. И молитвата со вера ќе го исцели болниот, и Господ ќе го крене; и гревови, ако направил, ќе му се простат. Исповедајте си ги гревовите еден на друг и молете се еден за друг, за да се исцелите: голема сила има усрдната молитва на праведникот.
Псалм 102/1-5: Благословувај Го, душо моја, Господа, и целата моја внатрешност да го благословува Неговото свето Име. Благословувај Го, душо моја, Господа и не заборавај ги сите Негови добрини, на Оној, Кој ги очистува сите мои беззаконија, Кој ги исцелува сите мои болести; Кој го избавува од распаѓање мојот живот, Кој ме овенчува со милост и со добрини. Кој ја исполнува со блага мојата желба, и како на орел ми ја обновува мојата младост.
Comments