Господи Татко, доаѓам пред Тебе, во моќното име на Исус, се молам за заедниците да бидат исполнети со љубов, единство и сочуство. Помогни ни Татко во Твојата мудрост да можеме да го цениме богатството на различните култури, нивното потекло и перспективи пронаоѓајќи сила во нашето единство. Татко, ти барам да ги разрушиш барикадите што нѐ разделуваат едни од други, за да можеме да го примиме духот на љубовта, разбирањето и помирувањето меѓу сите граѓани, како и соседните народи околу нас. Небесен мој мил Татко, јас исто така се молам за заедниците на соседните народи околу нас и нивното единство помеѓу нив да можат тие и ние заедно да ја видиме Твојата милост која нѐ обединува во мир и соработка, која донесува помеѓу нас просперитет, подлабоко разбирање за културите и традициите и разликите кои ги негуваме. Ти благодарам што ќе ги отвориш очите на нашето срце да примиме перспектива за времето кое доаѓа, во кое спасението на нашиот Господар Исус е главна цел!
Исто така, се молам за единството што се одразува на нашето срце да ги надминиме нашите разлики за да можеме да ја видиме вродената вредност на секој поединец за да се појави колективната сила на нашето единство во Тебе, носејќи ни лекување и обновување на нашата нација.
Во моќното име на Исус Христос се молам Небесен Татко, ти благодарам Господи Свет Дух за совршените молитви, ти благодарам Господи Исусе за Твојата пресвета крв. Амин!
Библиско писмо:
Ефесјани 3/4: Молам, пред сè, да се прават просби, молитви, молби и благодаренија за сите луѓе, за царевите и за сите што се на власт, та да поживееме тих и мирен живот во потполна побожност и чистота, оти тоа е добро и угодно пред нашиот Спасител Бога, Кој сака сите луѓе да се спасат и да ја познаат вистината.
Откривение 7/9-10: Потоа видов, и ете, големо мноштво народ, кое што никој не можеше да го преброи – од сите племиња и колена, народи и јазици; тие стоеја пред престолот и пред Исус, облечени во бели облеки и со палмови гранчиња во рацете. И воскликнуваа со висок глас, велејќи: „За спасението наше слава на нашиот Бог, Кој седи на престолот, и на Исус!”
1. Коринтјани 1/10: Браќа, ве молам, во името на нашиот Господ Исус Христос, сите вие да зборувате едно и исто, и помеѓу вас да нема делење, туку да бидете соединети во еден дух и во една мисла.
1. Коринтјани 12/12-14: И како што е телото едно, а има многу органи, и сите органи од тоа тело, па колку и да се тие, едно тело се, – така и Христос. Зашто преку еден Дух сме крстени сите во едно тело – било Јудејци или Елини, било робови или слободни, и сите сме со еден Дух напоени. Оти и телото не се состои од еден орган, туку од многу
Псалм 132/1: Колку е убаво и колку е мило кога браќата живеат заедно!