top of page

Молитва за нацијата - Економија

  • Writer: Elena Gj.Kostadinovikj
    Elena Gj.Kostadinovikj
  • Feb 7, 2024
  • 2 min read

Господи Татко, доаѓам пред Тебе, во моќното име на Исус, и ja носам економијата на нашата нација во молитва и признавам пред Тебе дека Ти си главниот извор на ресурси, крајниот снабдувач и одржувач. Татко, јас ја барам Твојата мудрост и водство врз управителите и креаторите на економската политика додека донесуваат одлуки кои се од витално значење за нашата финансиска благосостојба. Додели им праведно расудување и креативност да носат решенија кои промовираат економски раст, стабилност и просперитет. Нека економијата на нашата нација биде благослов, каде поединците и семејствата напредуваат и ресурсите се користат мудро, правично и економски. Господи, ја барам Твојата провизија и водење на нашата економија во оваа нација. Ти благодарам и верувам за благословот на нашите бизниси, индустрии, работници, можности, иновации и успех. Помогни ни Небесен Татко да бидеме добри управители за ресурсите кои ни ги имаш доверено на располагање, да можеме да бидеме благослов за другите нации и да ги исполниме Твоите зацртани цели. Господе, се молам нашата економија да биде одраз на Твоето изобилие, правда и провизија за нашата визија.     

Во Моќното Име на Исус Христос се молам Небесен Татко, ти благодарам Господи Свет Дух за совршените молитви, ти благодарам Господи Исусе за Твојата пресвета крв. Амин! 



Библиско писмо:

  • Изреки 10/22: Благословот Господов – збогатува, и не донесува со себеси тага во срцето.

  • Изреки 16/3: Предај ги делата свои на Господа, и твоите намери ќе се исполнат.

  • Лука 6/38: Давајте и ќе ви се даде: мерка добра, набиена, натресена и преполнета ќе ви дадат в раце; оти со каква мерка мерите, со таква и ќе ви се мери.”

  • Филипјани 4/19-20: Мојот Бог, по Своето богатство, нека ја исполни секоја наша потреба, за слава преку Христа Исуса.  А на Бога, нашиот Отец, слава во век и веков. Амин!

 

Бидете во тек

со сите новости

Ви благодариме!

КОНТАКТИРАЈТЕ СО НАС

  • Facebook
  • LinkedIn
  • Youtube
  • Instagram
  • Spotify

За сите Ваши прашања

пополнете ја контакт формата

Ви благодариме за пораката!

© 2024 by Eliezer. Powered and secured by Wix

bottom of page