top of page

Молитва за здравје


… и Господ Бог Таткото ми рече:

Зашто Јас сум Господ, Бог Твој доктор.

Ете деновите мои нека ми бидат сто и дваесет години. И ќе отидам кај татковците свои во мир, и ќе бидам погребан во длабока старост.

Ќе му служам на Господа, мојот Бог, па Татко ќе го благослови лебот мој,

и виното мое, и водата моја; и ќе отстрани од мене секаква болест.

Ќе направам бројот на деновите твои да бидат полни, вели Господ.

И ќе ја отстрани од мене Господ, мојот Бог, секоја немоќ, и никакви лути

болести, што сум ги видел, и кои ги знам, нема да ги испрати врз мене,

туку ќе ги испрати на сите што ме мразат.

Господ Бог, клетвата моја ја претвори во благослов за мене,

бидејќи Господ Татко мојот Бог ме засака.

Како одминуваат годините така се зголемува силата моја.

Господ мојот Бог се смилува над мене и рече: Те ослободувам од гробот!

Бидејќи најдов откуп, мојот Син а твој Господар: Исус Христос.

Тогаш телото мое ќе се подмлади повеќе, отколку во млади години;

и јас ќе се вратам во дните на младите свои години.

Господи, Боже мој, повикав кон Тебе, и Ти ме излекува.

Господ ќе ми помогне ако легнам болен в постела. Ти ќе ја измениш

целата постела при болеста ако ја имам.

Реков: Господи, смилувај се над мене, излекувај ме, зашто згрешив пред Тебе.

Нема да ме најде неволјата, несреќата нема да се приближи до мене,

зашто Ти Господи си со мене ќе ме засолниш под твоите крилја.

Ќе ме наситиш со многу денови и ќе ги излекуваш сите мои болести.

Господ Бог го испрати Своето Слово, ме излекува и ме спаси од пропаст.

Десницата Господова ме возвишува, десницата Господова ми дава сила.

Нема да умрам, но ќе живеам и ќе ги разгласувам делата Господови.

Го слушам Господа и ги примам зборовите Негови, за да ми се умножат годините мои на животот.

Синко, внимавај на зборовите мои и приближи го увото

кон поуките мои; Да не остапуваат тие од твоите очи;

Чувај ги внатре во срцето свои: зашто тие се живот за оние што ги наоѓаат,

и здравје за целото тело нивно.

Размислувам за Господ, тоа е здравје за моето тело и лек за моите коски.

Пријатни зборови се восочен мед: за душата слатки, а за коските лековити.

Јас имам весело срце зашто е како лек благотворно,

и немам паднат дух зошто е лош и коските ги суши.

Господи, така живеам, и во сето тоа за Тебе ќе живее мојот дух;

ти ќе ме излекуваш, ќе ми даруваш живот.

Господ ми дава сила кога сум изморен и ми дарува јачина кога сум изнемоштен.

Не плаши се, зашто Јас сум со тебе; не се вознемирувај, зашто Јас Сум Бог твој;

Јас ќе те закрепам и ќе ти помогнам, ќе те поддржам со десницата на Мојата правда.

Исус беше изнаранет за нашите гревови и мачен заради нашите беззаконија;

казната за нашиот мир падна врз Него, а преку Неговите рани ние се излекувавме.

Јас ќе го исполнам словото: мир, мир на далечен и на ближен, вели Господ, и ќе не излекува.

Тогаш мојата светлина ќе се јави како зора, и моето здравје наскоро ќе процути, мојата правда ќе тргне пред мене и славата Господова ќе ме придружува.

Ќе ги обложам и ќе ги излекувам твоите рани, вели Господ Татко мојот Бог!

Еве, Јас ќе те излекувам, ќе те зацврстам и ќе ти откријам изобилие на мир

и вистина, ми вели Господ мојот Бог.

Така им вели Господ Бог на коските – еве, Јас ќе внесам во вас дух

и вие ќе оживеете. Ќе ви дадам жили, ќе направам на вас да израсне месо,

ќе ве покријам со кожа и ќе вдахнам во вас дух, па ќе оживеете и ќе познаете, дека Јас Сум Господ.

Исус се смилува на мене, и ја излекува мојата болест. Кога ставаат на мене раце јас оздравувам.

Духот е тој што оживува; телото ништо не помага. Зборовите што ми ги кажува Господ Исус се дух и живот. Затоа одбирам живот!

Јас дојдов за да имаш живот вечен и да го имаш во изобилие, вели Господ Исус.

И што и да посакаш од Отецот во Мое име, ќе го направам, за да се прослави Отецот во Синот. Ако посакаш нешто во Мое име, Јас ќе го направам.

Еве мене ме лекува, и ме излекува Господ Исус Христос.

Моќта на Исус Христос прави сите болести да исчезнат од мене.

Законот на Духот, кој дава живот во Христос Исус, ме ослободи од законот на гревот и на смртта.

Телото мое му припаѓа на Христос. Па така истото е храм на Светиот Дух, кој живее во мене и ми е дадено од Господ. Скапо сум купен затоа да го прославам Господ кој ми го подари телото и душата кои се Божји.

Затоа Сине Човечки: исправи ги премалените раце и ослабените колена, и со нозете свои направи си прави патеки та, она што е хромо, а не се отклони, туку побрзо да се излекува, вели Господ Исус Христос.

Ако направив грев и вистински се покајувам тогаш Господ Исус Христос

ќе ми го прости, па молитвата со вера ќе ме излекува и Господ Бог ќе ме крени.

Да си ги исповедаме гревовите еден на друг и да се молиме еден за друг,

за да се излекуваме: голема сила има усрдната молитва на праведникот.

Јас: ( име ), се молам да бидам здрав/а и во сè да ми биде добро,

како што ѝ е добро на душата моја, во моќното име на Господ Исус Христос!


АМИН!

12 views

Comments


bottom of page