top of page

Дали е Божја волја да бидеме здрави и благословени?


Дали сакате да бидете здрави? Сакате ли да бидете ослободени од измачувањето доколку го имате?

Кој не би одговорил на овие прашања потврдно! Секако дека сакаме да бидеме здрави и да живееме во благосостојба. Инспирирана и поттикната од одредени тврдења дека Небесниот Татко не му дава на секое свое чедо совршено здравје и избавување, и дека не е Негова волја сите да бидат здрави и да живеат во благосостојба, но и воедно желна да ја споделам вистината, како што Исус говори:

Зашто волјата на вашиот Отец е вам да ви го даде царството.

Прв стих од Светото Писмо што ќе го цитирам е Излез 15: 26 , кој гласи:

Ако го послушаш добро гласот на Господ твојот Бог, ако правиш, што е угодно пред очите Негови, ако ги слушаш заповедите Негови, ако ги пазиш сите наредби Негови, нема да ти пратам ниедна од болестите. Зашто Јас сум Господ, Бог твој целител.

Уште на самиот почеток Небесниот Татко ни ја укажува Неговата волја дека Тој не е оној кој ни испраќа болести, измачувања, маки и темнина. Дури и Јов ја признава моќта и љубовта на Бог констатирајќи:

Господи, Боже мој, повикв кон тебе и Ти ме излекува!

Многумина констатираат и го шират учењето дека Небесниот Татко е таков татко што избира кој од своите деца е позаслужен, кој му е подраг за да биде излекуван, а не сите т.е дека не е Божјата волја секој да живее во совршено здравје, и дека доколку поединецот не биде излекуван вината се препишува на Небесниот Татко односно дека е Негова волја за да биде така, што е чиста лага, бесмисленостс и безумство!

Исус Христос јасно нѐ информира кој е виновен за болестите, траумите, маките, за темнината во нашиот живот - сатаната, ѓаволот!

Поточно, Исус во Јован 10:10 говори:

Крадецот односно ѓаволот доаѓа само да украде, да убие и да погуби. Јас, Исус, дојдов за да имате живот вечен и да го имате во изобилие.

Исус Христос ги уништи делата на ѓаволот, нам ни даде авторитет над демоните, злите духови, агентите на сатаната, така што, сѐ што дозволуваме ќе биде дозволено, а сѐ што забрануваме ќе биде забрането. Господ Бог не е автор на збунетост, не е автор на болест, Тој не лаже, Тој не поседува болести, па за да му ги раздели на своите деца. Овој свет во кој живееме е скршен, пропаднат свет во кој владее ѓаволот со неговите демони, и кој е автор на целата темнина.

Можеме ли да застанеме пред Исус Христос и да го обвиниме: „Ти си крив, Ти не сакаше да ме излекуваш, Ти не направи ништо за мене!” Во Евангелие според Марко 9 глава Исус му рече на таткото кој бараше помош за избавување на својот син:

„Сè е можно за оној што верува!” И одеднаш таткото на момчето извика и со солзи рече: „Верувам, Господи, помогни му на моето неверие!” А Исус, штом виде дека се собра многу народ, му забрани на нечистиот дух и му рече „Дух нем и глув, Јас ти заповедам: излези од него, и не влегувај веќе во него!”

И, да, не секогаш е лесно. Овде, на земјата се води духовна војна: од една страна се силите на темнината, на злото кои сакаат да не уништат, а од друга страна, се силите на светлината, на Бог, ангелите кои се борат за да дојдеме до нашето спасение, за да ја видиме и чуеме вистината, да одиме по Божиот пат.

Ние треба да го имаме светогледот дека треба да ни се случи чудо, нешто што е невозможно. Постои и дел кој ние треба да го исполниме, а тоа е да го примиме нашето избавување и лекување.



Дали сме свесни што направи Небесниот Татко за нас? Ако навистина сме свесни за жртвата што ја направи Тој за нас, доколку го познаваме нашиот Татко, не постои опција да го впериме прстот во Него и да Го обвиниме за нештото што се случува во нашиот живот и да му речеме: Ти си крив! Ти сакаш да бидам болен и да страдам! Кој од нас би го ставил своето чедо на толкава тортура, мачење, камшикување, понижување, исмејување, плукање, и на крај, распнување со заковување на огромни шајки во Неговото живо месо!

Еве, да пробаме дури со најмалата игла некој да не мачи на еден прст, колку многу ќе не боли, а камо ли да не мачат како што го мачеа Христос? Во Евангелие според Јован 3 глава кажано е:

Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој што верува во Него, да не погине, но да има живот вечен. Оти Бог не Го испрати Својот Син во светот за да му суди на светот, туку светот да се спаси преку Него. Кој верува во Него – нема да биде суден, а кој не верува, тој е веќе осуден, оти не поверувал во името на Единородниот Син Божји.

Да потенцирам, дека ова што го направи Небесниот Татко, не се однесува само за животот што ќе го имаме по завршувањето на овој земски живот, туку во ова се вклучува животот во изобилие токму сега, а не само во вечноста! Во Исаија 53 глава јасно е укажано што направи нашиот Небесен Татко преку Својот Син, преку Неговата жртва на крстот:

Но Исус ги зеде врз Себе нашите болки и ги понесе нашите слабости; а ние мислевме, дека Он беше поразуван, казнуван и понизуван од Бога. А Исус беше изнаранет за нашите гревови и мачен заради нашите беззаконија; казната за нашиот мир падна врз Него, а преку Неговите рани ние се излекувавме.

Што значи, драги мои, нашето лекување, избавување Небесниот Татко веќе го обезбеди преку крвта на Исус Христос! Дел од Псалм 103, 0дносно Псалм 102 според праволсавниот превод гласи:

Благословувај Го душо моја Господа и не заборавај ги сите Негови добрини на Оној Кој ги очистува сите твои беззаконија Кој ги исцелува сите твои болести; Кој Го избавува од пропаст твојот живот. Кој те овенчува со милост и со добрини. Кој го исполнува со добра животот твој, како на орел ти ја обновува твојата младост.

Зарем можеме во овој Божји Збор да најдеме макар еден збор кој би начнал некаква мисла од Небесниот Татко дека не ни посакува благосотојба?

Исус го прави истото и денес, како тогаш, кога беше на Земјата, кога ги лекуваше и избавуваше сите што беа под опресија на ѓаволот. И денес лекува, избавува, помага. Плус, нам ни го даде авторитетот велејќи:

Зборовите што ви ги зборувам Јас не ги зборувам од Себе, туку Небесниот Татко, Кој живее во Мене, ги врши Своите дела. Верувајте Ми дека Јас сум во Таткото и Таткото е во Мене, или барем верувајте заради чудата. Ве уверувам дека секој што верува во Мене ќе ги прави истите дела што ги правам Јас, а и поголеми од Моите.

Дали ние ја прифаќаме оваа вистина? Исус никого не одби, или не се случи некого да не го излекува. Тој на никого не му стави болест или какво било измачување. Некои поединци велат дека понекогаш Небесниот Татко му дава болест некому со цел да го научи на нешто. Исус никогаш не го правеше тоа. Тој ја реализираше волјата на Небесниот Татко, и очигледно е дека Неговата волја е да имаме совршено здравје и благосостојба. Врз основа на ова, како би можеле да кажеме дека Бог ако сака ќе излекува. Ако сака? А кога Бог кажа дека не сака? Ако? Зарем постои и тоа ако? Во Евангелие според Лука 5 глава стои:

А кога беше Исус во еден град, дојде некој човек сиот лепрозен, и штом Го виде Исуса, падна ничкум и молејќи Му се, рече: „Господи, ако сакаш можеш да ме очистиш.” Исус протегна рака, се допре до него и рече: „Сакам, очисти се!” И веднаш лепрата падна од него. Бидејќи Синот и таткото се едно, значи дека Бог сака да бидеме здрави и во совршена благосостојба.

Зарем постои простор за дискусија дали волјата Божја е или не е да бидеме здрави?

Штом би било така тогаш значи дека Исус беше непослушен и не ја извршуваше Божјата волја со тоа што ги лекуваше и избавуваше луѓето. Контрадикторно и апсурдно е нели? Исус кажа дека Тој и Таткото се едно! Зошто Небесниот Татко би работел против самиот Себе? И зошто луѓето би оделе на болница и би барале лек ако би била Божјата волја да бидеме болни? Зошто бараме помош? Нема логика, зарем не? Појасно од ова, не може да биде!

Зарем Небесниот Татко ќе нѐ подели и ќе рече: Ти си ми поважен, а овој овде не!Едниот може да биде излекуван, а другиот не! За едниот ќе ужива гледајќи го здрав, а за другиот ќе ужива гледајќи го како се мачи? Ако некој од нас го има ова мислење, тогаш воопшто не го познава Небесниот Татко и Неговата љубов и Неговата волја за нас! Во Апостолски дела 10: 34 пишува:

Навистина признавам дека Бог не гледа на лице.

Кој ужива во мачењето и страдањето на човекот? Ѓаволот ужива во мачењето, а не небесниот татко!

Да не бидеме како фарисеите, со нашите погрешни перцепции и со нашето незнаење и да имаме закоравени срца. Исус ги помести сите граници на човечкото размислување. Тој ни покажа и докажа дека имаме право и одговорност да бидеме и да живееме според совршената волја на Небесниот Татко т.е да живееме во благосостојба, како што е на небото да биде и на Земјата. Тоа значи овде и сега, а не во идниот живот. Овде се проблемите и тежината на животот, а не во Рајот. Овде ни треба изобилие од секој можен аспект. Тука се соочуваме со ѓаволот. Ѓаволот е избркан од Рајот. Затоа Исус ни рече, да биде како на небото така и на земјата. Затоа Исус лекуваше и во сабота., како што пишува:

Таму беше еден човек, кој имаше исушена рака. И за да Го обвинат фарисеите, Го прашаа Исуса: „Бива ли во сабота да се лекува?” А Он им рече: „Кој е тој од вас, ако има една овца и таа падне во саботен ден во јама, што не ќе ја прифати и извади? А колку, пак, човекот е поскап од една овца? И така, во сабота е позволено да се прави добро.” Тогаш му рече на човекот: „Протегни ја раката!” И тој ја протегна. И таа стана здрава како другата.
 

Некој ќе рече дека ние не живееме во тие апостолски и Исусови денови и дека тоа што беше важеше за тогаш и тоа заврши, што е сосем погрешно! Ако беше тоа така, Исус за кој ја пролеа својата крв? За кој висеше на крстот? Зошто ги одбра апостолите и нагласи дека ние ќе лекуваме, ќе правиме чуда, ќе изгонуваме демони?

Исус јасно кажа дека ќе биде постојано со нас, како што беше физички присутен тогаш:

Ми се даде секаква власт на небото и на земјата. Одете и научете ги сите народи, крштавајќи ги во името на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, и учејќи ги да пазат сè што сум ви заповедал; и ете, Јас сум со вас преку сите дни до свршетокот на светот. Во Моето име ќе истеруваат бесови; ќе говорат нови јазици; ќе фаќаат змии и ако нешто смртоносно испијат, нема да им навреди; на болни ќе полагаат раце и тие ќе оздравуваат.

Зарем Исус не ни го испрати Светиот Дух за да нѐ поучува и да нѐ потсетува на Неговите зборови. Еве, вака рече: . А Утешителот, пак, Духот Свети, Кого што Отецот ќе Го испрати во Мое име, Он ќе ве научи на сè и ќе ви напомни за сè што сум ви зборувал. Уште колку треба да се кажува за да се убедиме дека Божја воја е да бидеме здрави, сите, а не поединечно. Исус Христос умре си сите, а не за поединци.

Неодамна го прочитав и следново тврдење: „Ако секогаш беше Божјата волја луѓето да бидат исцелени, тогаш секој ќе беше исцелен и здрав. Ако доброто здравје беше секогаш Божја волја, тогаш христијаните никогаш не би требало да умираат.”

Ова тврдење ме наведе да размислувам за тоа колку Небесниот Татко е погрешно претставен. Од она што предходно го говорев, констатиравме дека Божјата волја е секогаш ние да бидеме исцелени. Сега, се наметнува следното прашање: Зошто не сме сите изцелени? Најчесто причината зошто не сме исцелени се вперува во тоа дека Небесниот Татко така сака, што не е точно! Повторувам тоа не е точно!

Првиот чекор при разјаснување на нечија ситуација или состојба е констатацијата дека сѐ останато може да биде причина за таа состојба, само Господ Бог не! На тој начин ќе му дозволиме на Светиот Дух да ни ја покаже причината зошто е така како што е. Што значи, не изјавуваме: Така сака или сакал Господ.

Зошто го кажувам ова? Каква смисла би имало ако Светлината ја обвиниме за постоењето на нашата темнина? Како би постоела темнината, ако сме во светлина? Како што пишува во Второ Послание до Коринтјаните 6 глава:

Какво заедништво има светлината со темнината?

Исус Христос вели:

„Јас Сум Светлината на светот; кој Ме следи, нема да оди во темнина, туку ќе ја има Светлината на Животот.”

Зарем не бараме светло за да излеземе од темницата?

Одговорноста и резултатот за нашата благосостојба не стојат кај Небесниот Татко. Каде сме во случајов ние и ѓаволот? Звучи и изгледа ние и ѓаволот сме светците и правичните, а небесниот тако е виновникот и злиот за нашата благосостојба.

Во Јаков 1:17 нагласено е :

Секој добар дар и секој совршен подарок доаѓа одозгора, од Таткото на светлината, во Кого нема измени, ниту сенка од промена.

Да не влегуваме во стапицата на ѓаволот со неговите лаги дека Небесниот Татко е лош и дека ни е непријател. Во Матеј 12 глава наведена е следнава случка:

Тогаш доведоа при Него еден бесен, кој беше слеп и нем; и го излекува, така што слепонемиот прогледа и проговори. И сиот народ се чудеше и велеше: „Не е ли Овој Христос, синот Давидов?” А фарисеите, штом го чуја тоа, рекоа: „Он не ги истерува бесовите по друг начин освен преку Велзевула, началникот на ѓаволите.”Но Исус, знаејќи ги нивните помисли, им рече: „Секое царство, ако се раздели, запустува; и секој град или дом, ако се раздели на потивни групи, ќе пропадне. И, ако сатаната изгонува сатана, тој се разделил сам против себе; тогаш како може да се запази царството негово? И ако Јас истерувам бесови преку Велзевула, а синовите ваши преку кого ги изгонуваат? Затоа тие ќе ви бидат судии. Ако, пак, Јас истерувам бесови со Духот Божји, тоа значи дека дошло царството Божјо до вас.

Да се освестиме како размислуваме. Да се молиме Бог на нашиот Господ Исус Христос, Отецот на славата, да ни даде дух на мудрост и откровение, за да Го познаеме, и да ги просвети очите на срцата ваши, за да увидиме во што се состоио надежта на повиканите од Него, колкаво е богатството на славата од наследството Негово во светиите, и колку е неизмерна величината на Неговата сила во нас, кои веруваме преку дејството на Неговата крепка сила. Таа сила Он ја покажа во Христа, кога Го воскресна од мртвите и Го постави од Својата десна страна на небесата, повисоко од секое началство, власт, сила и господство и од секое име, со кое се именуваат не само во овој свет, туку и во идниот, сè Му покори под Неговите нозе и Го постави глава над сите во Црквата, која е Негово тело, полнота на Оној Кој исполнува сè во сè.


 

Во прилог ви подарувам молитва за здравје која е целосно составена од Божјиот Збор наменет за лекување. Ви препорачувам читајте ја минимум трипати во денот, слушајте ја колку што можете почесто.


… и Господ Бог Таткото ми рече:

Зашто Јас сум Господ, Бог Твој доктор.             

Ете деновите мои нека ми бидат сто и дваесет години.

Ќе му служам на Господа, мојот Бог, па Татко ќе го благослови лебот мој,

и виното мое, и водата моја; и ќе отстрани од мене секаква болест.

Ќе направам бројот на деновите твои да бидат полни, вели Господ.

И ќе ја отстрани од мене Господ, мојот Бог, секоја немоќ, и никакви лути

болести, што сум ги видел, и кои ги знам, нема да ги испрати врз мене,

туку ќе ги испрати на сите што ме мразат.

Господ Бог, клетвата моја ја претвори во благослов за мене,

бидејќи Господ Татко мојот Бог ме засака.

Како одминуваат годините така се зголемува силата моја.

Господ мојот Бог се смилува над мене и рече: Те ослободувам од гробот!

Бидејќи најдов откуп, мојот Син а твој Господар: Исус Христос.                          

Тогаш телото мое ќе се подмлади повеќе, отколку во млади години;

и јас ќе се вратам во дните на младите свои години.

Господи, Боже мој, повикав кон Тебе, и Ти ме излекува.

Господ ќе ми помогне ако легнам болен в постела. Ти ќе ја измениш

целата постела при болеста ако ја имам.

Реков: Господи, смилувај се над мене, излекувај ме, зашто згрешив пред Тебе.

Нема да ме најде неволјата, несреќата нема да се приближи до мене,

зашто Ти Господи си со мене ќе ме засолниш под твоите крилја.

Ќе ме наситиш со многу денови и ќе ги излекуваш сите мои болести.                     

Господ Бог го испрати Своето Слово, ме излекува и ме спаси од пропаст.

Десницата Господова ме возвишува, десницата Господова ми дава сила.

Нема да умрам, но ќе живеам и ќе ги разгласувам делата Господови.

Го слушам Господа и ги примам зборовите Негови,

за да ми се умножат годините мои на животот.

Синко, внимавај на зборовите мои и приближи го увото

кон поуките мои; Да не остапуваат тие од твоите очи;

Чувај ги внатре во срцето свои: зашто тие се живот за оние што ги наоѓаат,

и здравје за целото тело нивно.                                            

Размислувам за Господ, тоа е здравје за моето тело и лек за моите коски.

Пријатни зборови се восочен мед: за душата слатки, а за коските лековити.

Јас имам весело срце зашто е како лек благотворно,

и немам паднат дух зошто е лош и коските ги суши.

Господи, така живеам, и во сето тоа за Тебе ќе живее мојот дух;

ти ќе ме излекуваш, ќе ми даруваш живот.

Господ ми дава сила кога сум изморен и ми дарува јачина кога сум изнемоштен.

Не плаши се, зашто Јас сум со тебе; не се вознемирувај, зашто Јас Сум Бог твој;

Јас ќе те закрепам и ќе ти помогнам, ќе те поддржам со десницата на Мојата правда.     

Исус беше изнаранет за нашите гревови и мачен заради нашите беззаконија;

казната за нашиот мир падна врз Него, а преку Неговите рани ние се излекувавме.

Јас ќе го исполнам словото: мир, мир на далечен и на ближен, вели Господ,

и ќе не излекува.

Тогаш мојата светлина ќе се јави како зора, и моето здравје наскоро ќе процути, мојата правда ќе тргне пред мене и славата Господова ќе ме придружува.

Ќе ги обложам и ќе ги излекувам твоите рани, вели Господ Татко мојот Бог!

Еве, Јас ќе те излекувам, ќе те зацврстам и ќе ти откријам изобилие на мир

и вистина, ми вели Господ мојот Бог.

Така им вели Господ Бог на коските – еве, Јас ќе внесам во вас дух

и вие ќе оживеете. Ќе ви дадам жили, ќе направам на вас да израсне месо,

ќе ве покријам со кожа и ќе вдахнам во вас дух, па ќе оживеете и ќе познаете,

дека Јас Сум Господ.

Исус се смилува на мене, и ја излекува мојата болест.

Кога ставаат на мене раце јас оздравувам.

Духот е тој што оживува; телото ништо не помага. Зборовите што ми ги кажува Господ Исус се дух и живот. Затоа одбирам живот!

Јас дојдов за да имаш живот вечен и да го имаш во изобилие, вели Господ Исус.

И што и да посакаш од Отецот во Мое име, ќе го направам, за да се прослави Отецот во Синот. Ако посакаш нешто во Мое име, Јас ќе го направам.                                                                                                                         

Еве мене ме лекува, и ме излекува Господ Исус Христос.

Моќта на Исус Христос прави сите болести да исчезнат од мене.

Законот на Духот, кој дава живот во Христос Исус, ме ослободи од законот на гревот и на смртта.

Телото мое му припаѓа на Христос. Па така истото е храм на Светиот Дух, кој живее во мене и ми е дадено од Господ. Скапо сум купен затоа да го прославам Господ кој ми го подари телото и душата кои се Божји.

Затоа Сине Човечки: исправи ги премалените раце и ослабените колена, и со нозете свои направи си прави патеки та, она што е хромо, а не се отклони, туку побрзо да се излекува, вели Господ Исус Христос.

Ако направив грев и вистински се покајувам тогаш Господ Исус Христос

ќе ми го прости, па молитвата со вера ќе ме излекува и Господ Бог ќе ме крени.

Да си ги исповедаме гревовите еден на друг и да се молиме еден за друг,

за да се излекуваме: голема сила има усрдната молитва на праведникот.             

Јас: ( име    ), се молам да бидам здрав/а и во сè да ми биде добро,

како што ѝ е добро на душата моја, во моќното име на Господ Исус Христос!


АМИН!

2 views
bottom of page